На прво место

Учеството на македонците во шпанската граѓанска војна

spa-nasl

Васко Гичевски

spa-nasl

Шпанската граѓанска војна од 1938 година служеше како еден вид на предвестие на големата бура што подоцна се случи а тоа е Втората Светска Војна која повеќепати ќе ја надмине својата предходничка и во бројот на жртвите и во силината и мокноста на оружјето над обичниот човек.

Граѓанската војна во Шпанија се водеше помеѓу силите на геералот Франциско Франко и Империјалната војска која што беше крајно фашистички ориентирана и најголемата поддршка за својата активност ја добиваше од Мусолини и Хитлер додека од другата страна се бореа бунтовниците, борците за демократија и слобода меѓу кои и Џорџ Орвел и Ернест Хемингвеј кои биле дел од таканаречените Интернационални Бригади во кои свое место и учество зеле и македонските слободољубиви борци. Воедно во овие редови се најде и маршалот на СФРЈ Јосип Броз Тито.

Во воените дејствија во Шпанија учествувале 137 македонци од трите дела на Македонија но исто така бил евидентен бројот на борци и од македонската дијаспора кои што се вклучиле во борбите за демократска Шпанија.

Македонските учесници во Шпанската Граѓанска војна се: Алексо Демниевски – Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Димитар Тодоров, Петар Калев, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци – шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.

Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето, Мадрид и на други места. На воените боишта животите ги положија 65 Македонци.

Македонските борци во шпанската историографијаа го заземаат местото до најголемите шпански херои, прочуени по својата храброст и бестрашност секогаш застанувајќи на вистинската страна од терезијата на правдата.

Дел од македонските шпански борци ќе се најдат и во првите редови на македонската борба против антифашизмот за време на Вторта Светска Војна како што е случајот со Алексо Дамниевски Бауман искусен борец и одличен командант кој во 1945 година ќе го води 15 македонски корпус во последните воени операции против фашистите за конечното ослободување на Југославија.

Искуството добиено во Граѓанската Војна во Шпанија ќе стане и основа за подоцнежниот развиток на македонската војска и воедно општо на југословенската војска бидејќи во повоена Југославија и во Македонија постоеше недостиг на војнички кадар способен да ги воспитува и образува идните генерации на војници, команданти и офицери на македонската и на југословенската војска, за која можеме да кажеме дека беше и најсилна на Балканот но и една од најсилните воени машинерии во Европа веднаш зад воената машинерија на СССР.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top