На прво место

Шест години коњаница „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“

2

Македонска нација

2Почитувајќи ги светите Илинденски традиции и годинава членовите на неколку здруженија во Македонија се припремаат за традиционалните маршеви до Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2015 година во рамките на свечаностите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.

„Света должност на секој Македонец е да ги продолжува традициите и да го чува споменот на оние наши претци, кои пред 112 години веруваа во слободна и независна Македонија. Нивните жртви не` потсетуваат дека, нема ништо посвето од борбата за слобода на својот народ и создавање на самостојна држава.

Македонија е свето име, испишано со крв на генерации македонски синови, на кои вечно ќе им оддаваме почит, зошто ни покажаа дека слободата не се подарува, туку таа единствено може да се извојува преку крвта на своите најдобри синови“.

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава по шести пат го организира традиционалниот коњички марш.

Коњаниците облечени во комитска одежда утрото на 26 јули 2015 (недела) од с.Зубовце и Гостивар ќе тргнат кон Бигорскиот Манастир, а на 27 јули по литургијата, примениот благослов од игуменот на Бигорскиот Манастир Партениј и целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски и положената комитска заклетва ќе продолжат за Крушево, по патот по кој биле пренесени црешовите топчиња како поддршка на илинденските востаници.

Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ.

Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје. По иницијатива на игуменот на манастирот еромонахот Партениј, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак (добар техничар) со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и заедно со Никола и Секула, во придружба на милицијата од Галичник ги пренеле преку Бистра до определеното место над с.Душегубица-Кичевско. Со тие две топчиња вечерта пред Илинден како што стои во историските списи, бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.

Во спомен на 112-годишнината од Илинденското востание, младите родољуби од здружението “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“, испратени од надвојвода, повторно ќе дојаваат до Манастирот Св. Јован Бигорски. Како некогаш, така и сега по молитвата и заклетва за верност кон македонското дело пред камата и револверот благословени ќе тргнат кон Крушево по патот на црешовото топче, пат кој го означува стремежот на македонскиот народ за слобода на својата татковина.

Должност на македонскиот народ е да ја љуби својата татковина, зошто Господ како и на секој народ и него му дарувал прекрасна и чудесна земја. Со векови македонскиот народ ја негувал љубовта кон овој голем Божји дар. Со векови тој леел крв за слобода на татковината. Денес, кога во процесот на глобализација во светот исчезнуваат традиционалните морални вредности, а со тоа и цели народи, за да се сочуваме како Библиски народ, мораме пред себе да го имаме споменот за нашите пожртвувани предци, кои го полагале својот живот за ближните свои. Тие постојано ни сведочат дека љубовта кон татковината е божествено и спасително дело.

Маршот на коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ прв пат се одржа пред шест години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

Формирано е здружение “БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ”.

Со поаѓањето од Бигроскиот манастир за Крушево, коњаниците не` присетуваат на нашите славни Илинденци, на монашкото братство и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание.

На коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ игуменот на Бигорскиот Манастир Партениј и целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште.

Kоњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ тргнува за Крушево да им се поклони на: Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор.

Исто така коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ, се поклонува и на бранителите од 2001, се поклонува и на: Ненад, Горан, Жарко, Сашо, Бобан, Исамедин, Љубиша, Горан, загинатите Македонски бранители во Куманово оваа година, полицајци на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ кои ги дадоа своите животи за Македонија и затоа оваа година овој коњички марш го посветуваат токму за нив.

СЛАВА ИМ!

Погледнете ги Фотографиите од испраќањето на коњаницата од Бигорски Манастир во 2014 година.

https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.4493091181722.1073741912.1723562374&type=3

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top