Коментари

Значење на Разловечкото востание: Димитар Поп Георгиев – Беровски како водач и организатор (2. дел)

Димитар Поп Георгиев – Беровски – Идеолог, стратег и визионер кој го трасираше патот на македонската национално-ослободителна борба

Сотир Костов

Сотир Костов

Кога се пишува за Разловечкото востание, како прво востание за ослободување на Македонија и поробениот македонски народ во втората половина од 19-от век, збор-два за раволуционерните традиции и револуционерниот чин на ајдутите, комитите, војводите и партизаните од Македонија, кои се покажаа како богато револуционерно искуство кое ја донесе толку посакуваната слобода на македонскиот народ и нeговата конечно стекната државност. Револуционерните традиции од борбата на македонскиот народ се еснцијата на неговата народноослободителна борба за национална и социјална слобода. Тие поттикнуваат и инспирираат на акција и непокор. Сплотуваат и обединуваат во борба за национално, културно и духовно ослободување од вековен гнет. Претставуваат вистинска нишка на континуитет на револуционерната борба на македонскиот народ – борба за слобода и борба за своја независна држава. Таа вековна борба има свој историски и временски континуитет. Револуционерниот чин во дејствувањето на македонскиот народ е од круционално значење. Светлите револуционерни примери(Димитар Поп Георгиев Беровски, поп Стојан Разловски, поп Коста Буфски, Дедо Иљо Малешевски, Стефо Николов, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Пере Тошев, Христо Узунов, Никола Карев, Кузман Јосифовски – Питу, Стив Наумов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Коце Металец, Методија Андонов – Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Димитар Влахов и многу други) имаат инспиративно влијание на широките народни маси. Револуционерните искуства од востанијата и буните се мобилизирачки чин, сигнал и повик за дејствување и акција во револуционерниот континуитет, од една мината фаза, во друга идна светла епопеја. Сите заедно придонесуваат за канализирање на прогресивните движења и насочуваат кон вистинскиот пат на развојот на секое ослободително движење. Истовремено ги поттикнуваат основните насоки и устреми на слободољубивите, револуционерни и прогресивни идеи, кои го преобрзуваат целото општество и го прават подобро.

Револуционерните традиции, чинови и искуства ги создавале храбри синови на Македонија, кои дигале буни, востанија и револуции за ослободување на македонците и содавање на македонска држава. Во првиот ред на Таа револуционерна колона стои Димитар Поп Георгиев – Беровски. Тој е голем македонски револуционер и просветен деец, родум од Берово. Познат е како душа на Разловечкото востание. Иницијатор и организатор на Разловечкото востание(мај 1876г.) и Македонското кресненско востание(17 октомври 1878г.). Школуван и образовен Македонец, кој се школувал на Духовната семенарија во одеса(1858 – 1861г.), а подоцна, во Белград се здобил и со воено образование. Против Турците се бори како член на српската востаничка војска, во 1862г. кога Белград е бомбардиран. Кога се вратил во Берово, работел како учител и зема активно учество во борбата против Цариградската патријаршија. Прогонуван е од грчкиот владика и оди во Солун, каде во 1875г. го создава Тајниот револуционерен комитет, во чиј состав биле трите браќа на беровски – Иван, Алекса и Констандиј – како и браќата Еврови, Стојан Цоцов, поп Петре Солунски и др. Следната година, заедно со поп Стојан од село Разловци, најпрвин прави заговоренички круг, а потоа припрема дигање на востание, што и се случило истата година во мај, кога е дигнато познатото Разловечко востание(1876г.). Подоцна Беровски се вклучува во одредот на Дедо Иљо Малешевски и ќе учествува во Руско-Турската војна(1877-78). Активно учествува и во Македонското востание(1878г.), како началник на востаничкиот штаб. Учесник е и во Српско – Бугарската војна(1885г.). Од 1895г. е во редовите на Македонската револуционерна организација и е близок соработник на Гоце Делчев.

Инаку, востанието е водено за општомакедонски цели и под црвено востаничко знаме. На црвеното знаме имало жолто поле во кое бил извезен црвен лав. Знамето имало натпис “Македонија“ и “на 8 мај 1877“. На него биле прикачени две ленти: На едната испишано “Станете“, а на другата “Да ви освобода“. Познато е дека знамето го направиле(извезеле) учителките баба Недела и ќерка и Станислава Караиванова.

Знамето на Разловечко востание

Сепак, фактите дека на почетокот турските војници и населението од тој крај биле разоружани и раскажувањата за храбрите акции на востаниците на чело со војводата Димитар Поп Георгиев – Беровски, зборуваат дека ова востание е значаен чекор напред во вклучувањето на македонскиот народ во следните револуционерни и народно-ослободителните движења во Македонија, за време на Источната криза и подоцна, за време на предилинденскиот и илинденскиот период..

Повеќе од јасно е дека Разловечкото востание е настан со чист македонски карактер. Тоа е подигнато од внатрешни причини(економска и социјална потчинетост на македонскиот народ). Изведено е со внатрешни сили, македонски револуционери и тајни кружоци(Разловци, Берово, Солун). Тоа нема никаква врска со Априлското востание во Бугарија. Разловечкото востание го означува почетокот на социјално-политичкото движење во Македонија. Ослободителниот, социјалниот и националниот карактер на востанието произлегува од поставените цели, средствата за нивно остварување и симболите под кои се водело. Во нив го согледуваме почетокот на македонското национално, револуционерно и ослободително движење, кое започна како културно-национално(40-ти години на 19-ти век), продолжи како национално-револуционерно((од 1876 до 1892), еволуираше во политичко-револуционерно(од 1893 до 1903), за да на крајот се афирмира како национално-политичко, во периодот помеѓу Илинден 1903 и АСНОМ 1944(Блаже Ристевски).

Од тогаш, од времето на Разловечкото востание, од подоцнежното Македонско востание(1878г.), и од случувањата после нив, како израз и средства на државно-национални концепции и национални програми, ги имаме: Востаничкото знаме на Разловечкото востание, Пијанечката привремена управа, Устројството на македонското востание од 1878 година, Печатот на началникот на штабот на востанието, Воените правила на Македонскиот востанички комитет од 1879 година, Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година, печатот на привремената влада на Македонија и на командантот на македонската војска од 1880 година, како и Манифестот на Крушевската Република од времето на Илинден 1903-та. Сите овие државотворни симболи и акти се темелот врз кој се надоградени државотворните акти на АСНОМ од 02 август 1944-тата. Најконкретно кажано, со ова востание македонското национално движење влегува во една понапредна револуционерна и историска фаза, која го трасирала патот на победоносната оружена револуционерна борба, за да на крајот заврши со Првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонска држава.

(продолжува)

Најново од: Коментари

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

To top