Коментари

По повод написот во Македонска нација: На гробот на Драган Богдановски во Куманово…Чествување на 8 Септември

janko-tomov-240

janko-tomov-240

Јанко Томов, Бризбен, Квинсланд, Австралија, 30 Август 2015

Како што се гледа во поменатио напис, Лидерот на интернет порталот Македонска нација, Мане Јаковлески, лидерот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК), Тодор Петров и преставник на движењето од диаспората, Јанко Томов, објавија чествувањето за Денот на републиката 8 Септември 2015 година, во 10:00 часот, со панихада за починатите борци од движењето, да се организира и одржи пред гробот на идеилогот за ослободување и обединување на Македонија и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски.

Во врска со горното известување, би сакал да додадам поедини значајни елементи за чествувањето во Куманово, меѓу кое и известувајки ги сите членови на групата за званично признавање на починатот Драган Богдановски и неговите соработници од диаспрата, оснивана во миналата деценија, како и најблиските негови активни роднини и пријатели, да пружат сесрдна помош на организаторите на чествувњето, Мане Јаковлески и Тодор Пертов.

Главната прослава, во последните години, во чест на осамостојувањето, традиционално се одржува во просториите на зградата “Балет и опера” во Скопје, на 8 Септември во годината.Тие прослави се наменети за Почетокот на Третиот Илинден, кога Република Македонија ја доби својата Самостојност, на референдумот на СР Македонија, во рамките на СФР Југославија, одржан на 8 Септември 1991 година, каде гласаше и патриотската диаспора на Македонското иселеништво.

Еден процес е ненамерно занемарен, од страна на ВМРО-ДПМНЕ која преку своето членство се ангажирани, во сестрана изградба, на Република Македонија, преку Законодавниот дом, Извршната власт и Претседателот на Република Македонија, во коалиција со една од Албанските парти, во последните 9 години. Надокнадувајки ги големите и фатални пропусти на владите на бившите комунисти, а денешни социалдемократи-СДСМ, кои  продолжуваат и понатаму, како опозиција, да го кочат и успоруваат потребниот просперитет на републиката, се занемарија најглавните и најзаслужните патриоти, без кои немаше да постои ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските патриоти, специјално поедини видни преставници на Македонското движење во дијаспората, како и повратниците, сесрдно ја подржуваат ВМРО-ДПМНЕ, која тие ја имаат оснивано во диаспората, а пренесена во републиката. Подршката е видлива, специјално во последните 9 години, кога лидерското водство го презеде Никола Груевски.

Македонците од дијаспората како и сите кои активно учествувале во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и дијаспората бараат рехабилитација и јавно признавање на лидерите и нивните соработници на МНК, ОКМ, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, ТНМО,НОФМ, ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејки времето одминува, скоро 90% од лидерите на Македонското движење, а и од поедини познати членови на познатие национални и политички организации, од првите години од крајот на Втората светска војна, до денес се починати, а во 2016 година се навршуваат 25 години, од почетокот на Третиот Илинден, предлагам нивна рехабилитација и панихада за нивните патриотски души. Потребно е  ВМРО-ДПМНЕ, преку своите ограноци во републиката и Задграничните комитети во дијаспората, а во согласност со ИК на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот Никола Груевски, да се вклучи во прославата предложена за 8 Септември 2015 година, а посебно за јубилејната прослао 2016 година по повот 25 гдишнината.

Овој собир ке биде во знак на   24 -то годишно одбележувањето на почетокот на Третиот Илинден, како и инспирација за подготовки за наредната јубилејна 25 годишнина, која ке се прослави во Македонија и во сите држави на светот каде живее македонското патриотско иселеништво, на 8 Септември 2016 година.

Македонија ги роди најхрабрите синови, од кои најповеќе заслужуваат почит и признаења од сите Македонци во светот.

Драган Богдановски е еден од најзаслужните за Македонската борба за независна и слободна  Македонија,  оснивач на ДООМ и на ВМРО-ДПМНЕ и инспиратор на Референдумот на 8 Септември 1991 година-Трет Илинден.

Краток реферат за патриотските активности и заслуги на идеологот на Македонската борба за независна и слободна  Македонија-Третиот Илинден, од времето на крајот на Втората светска војна до осамостојувањето, на дел од геогравска античка Македонија-Република Македонија, Драган Богдановски, да се одржи-прочита, пред гробот на покојниот Богдановски, во Куманово. Мојот предлог и инсистирање, за читање на краток реферат –говор, се однесуваат на единствениот повратник од диаспората во републиката, мојот соборец Маноил  Јаковлески – Мане, главен и одговорен уредник на списанието “Македонска нација”, Тоа  ке биде ценето од сите актуелни-живи патриоти, специјално лидери на национално политички организации во диаспората. Покрај заслугите на Мане Јаковлески, за Македонската кауза, како активист во редовите на ДООМ, од 1971 година  до денес, како и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората и во републиката, тој има непобитни заслуги за повторното оснивање на “Македонска нација” во 2009 година.

Овоа патриотско интернет списание е дело на ДООМ, уште од 1971 година, скоро до осамостојувањето, а е обновено во Република Македонија, во 2009 година, баш од страна на Мане Јаковлески. Мане  внесува и редактира најактуелни патриотски содржини-статии, написи и соопштенија ,од современите Македонски автори на национални, политички, историјски, верски, културни теми,  кои ретко се среќаваат слични на нив, или воопшто ги нема, во Македонската дневна или неделна медија. Тие се  благослови од Бога,  со кои се надојуваат младите Македонски генерации, за потребите за борбата за Македонската кауза, а постарите патриоти се потсетуваат за тие славни и опасни времиња, во активноста на Македонското движење во диаспората.

Посебно, постарата генерација патриоти, која исчезнува, ја цени демократската заштита на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, раководено од претседателот на оваа партија, Никола Груевски, кон овоа патриотско списание, посебно за драгоценоста при добивање на разновидни информаци и знаења потврдени со соодветни факти  богати од сите современи науки. Исто така Мане Јаковлески, е многу активен во опшествениот живот на републиката, раководејки и учествувајки со и во  видни организации од национален, верски, културни и сл. карактери.

Затоа е потребно и заслужно, краткиот реферат за делото на својот личен соработкик, од времето на ДООМ,  да го прочита Мане Јаковлески, пред гробот на Драган Богдановски, од  името  и на сите нас актуелни-живи, а и починати соборци-соработници, на овој трет Македонски современ идеолог на Третиот Илинден.

Краток реферат, за Референдумот на 8 Септември 1991 година-Третиот Илинден, да одржи и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК)-Тодор Петров, заедно  со Мане Јаковлески во Куманово на 8 септември 2015 година.Тодор Петров е еден од главните организатори на Референдумот на 8 Септември 1991 година и познат активист, за сочувување на целокупниот национален Македонски белег и постојност, а посебно на уставното име на Македонија.

Паралелно пред осамостојувањето и по него, Петров е еден од оснивачите на СМК, кој одржува постојано конгреси во републиката, а има и активни ограноци на СМК во Европа, Австралија и Америка.

Тодор Петров е лидер и организатор на првата Македонска демонстрација, на границата со Грција, кај Богданци и Гевгелија, во 1990 година, со цел признавање на Македонските човекови и национални права на Македонците од Егејска Македонија и од целиот свет. Покрај организирањето на редовни  конгреси на СМК, во реубликата, Петров е редовен учесник и еден од организаторите и на годишните традиционални средби на “Децата бегалци”, од диаспората. Тие бегалци и избркани Македонци, за време и по Граѓанската војна на Елада (Грција),од 1946-49 година, масовно и носталгично уцествуваат на овие драги и присни средби, кои годишно се одржуваат во село Трново, Битолско, за време на Илинденските прослави во републиката, на 2 Август во годината.

Краток реферат за почетокот на Трети Илинден, би требало да се прочита од  името на Јанко Томов, лидер на ТНМРО од Перт (1984-1990) и оснивач и Прв претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Западна Австралија,  пред Монументалниот споменик на паднатите борци од војните, во Кингс Парк, Перт, Западна Австралија или во центарот на Мелбурн исто така на 8 Септември 2015 година.

Кратки реферати пожелно е да се прочитаат од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, во Куманово или во Скопје или од страна на член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во кој говор ќе се нагласи заслугата на Македонската дијаспора и нејзината улога за стварањето на Третиот Илинден.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top