На прво место

ДРАГАН БОГДАНОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР ДО НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА!

7

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

ДРАГАН БОГДАНОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР ДО НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА!

9 септември 2015 година, Скопје, Македонија

– Дваесетичетвртата годишнина од Денот на независноста на Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и порталот Македонска нација достојно ги одбележаa во Републиката, меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија!

Го објавуваме говорот на Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација за првпат отпечатено во 1971 година, на гробот на Драган Богдановски, основач и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, на градските гробишта во Куманово.

– Дедо владика, почитувано семејство на Драган Богдановски, почитувани браќа и сестри Македонци, се собравме на Денот на независноста на Македонија, во Куманово, да му одадеме почит на Драган Богдановски и на сите кои се бореле за самостојна Македонија во Татковината и дијаспората. Затоа со едноминутно молчење да им одадеме почит на сите кои не се меѓу нас.

Македонското движење за сувереност и самостојност вткаи многу македонски борци, вгради многу жртви во темелите на државноста, и пред Херонеја и по Херонеја 338 пред нашата ера, и пред Илинден и по Илинден 1903, АСНОМ 1944, референдумот за суверена и самостојна држава Македонија 8 септември 1991 година и од татковинската борба во 2001-та и 2015-та година тука во Куманово.

Во време сме на Третиот Илинден. Сигурен сум во победата на овој трет Илинден, бидејќи знам дека цврсто и без колебања чекориме на вистинскиот пат, патот што го трасираа нашите претци, патот по кој одеше и Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Богдановски во себе го носеше аманетот на Илинденците и Асномците, сонуваше за слободна, независна и суверена држава Македонија.

Во педесетите години на минатиот век Богдановски тргна по тој пат и за првпат ја почуствува темната и ладна затворска ќелија. Додека беше студент на факултетот за земјоделство и шумарство во Белград, поради иницијативата за формирање „Македонски студентски клуб“, тој беше затворен 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венец.

Во пролетта 1950 година Богдановски ја напушта земјата и преку Грција, Аргентина и Бразил, доаѓа во Пораз, каде започнува со политичко дејствување. Тој ја формира организацијата „Македонски национален фронт“ и го издава весникот „Македонска искра“, кој по неколку броја беше забранет. Во 1958 година, по преселбата во Норвешка, тој покренува издавање на низа весници, списанија и книги за Македонија, меѓу кои и списанијата „Македонска лоза“, „Македонска нација“ и други.

Во 1967 година, Богдановски застанува на чело на ОКМ, кој во 1972 година се трансформира во ДООМ.

Во 1977 година, Службата за државна безбедност го киднапира Богдановски од Париз, осуден на 13 години затвор. Во 1988 година, во предвечерието на распадот на Југославија, Драган Богдановски е пуштен од затвор. Имаше доволно време да ја подготви програмата за формирање на националната политички партија ДПМНЕ која во 1990 година на состанокот во Минхен ќе го добие како предзнак ВМРО.

Драган Богдановски беше идеен творец на ВМРО ДПМНЕ, која како партија одигра клучната улога во осамостојувањето и развојот на Македонија. Во месецот кога Драган Богдановски е роден, 18 септември 1929 година,се остварија стремежите на Богдановски и другите македонски патриоти од земјата и дијаспората.

На 8 септември 1991 година беше прогласена самостојна и суверена држава Македонија.

Ако со Крушевската Република се поставија темелите на последната возобновена Македонска држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна само со суверенитет на дел од територијата, на Третиот Илинден (8 септември 1991) македонскиот народ во вардарска Македонија, го врати суверенитетот и самостојноста на државноста!

Затоа денес, на гробот на Драган, да им се поклониме на: Гоце, Даме, Карев, Гули, Сандански, Александров, Камхи, на гемиџиите, на Ченто, Брашнаров, Костадин Диневски-Динката, да им се поклониме и на починатите членови на македонските организации во дијаспората. Само мал дел од нив ќе спомнеме:Драган Богдановски, Благоја Шамбевски, Панко Стамкоски, Михаил Шариновски Солунски, Ристе Ристевски, Ѓорѓи Чочков, Крсто Шкодров, Крсто Димитров, Стојан Србинов, Јонче Трајчевски, Спаско Трпоски Спасе и многу други.

Пред само неколку месеци во Куманово, бевме сведоци на обид за дестабилизација на државата од страна на терористичка банда.

Затоа, денес, се поклонуваме и на сите бранители од 2001, се поклонуваме и на: Ненад, Горан, Жарко, Сашо, Бобан, Исамедин, Љубиша и Горан, загинатите Македонски полицајци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Во Куманово се поклонуваме и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор.

Да се биде патриот во 21 век, значи со дела да се покаже како се сака и како се работи за својата држава и за својот народ!

Денешниот патриот гради патишта, училишта, болници, игралишта, создава услови за странски инвестиции, помага на старите, земјоделците, студентите, социјано загрозените… Тоа е патриот денес. Таков современ македонски патриот е токму премиерот Никола Груевски, тој денес го спроведува аманетот за суверена и самостојна Македонија и идеологијата на ВМРО.

Ние, основачите, ветераните, членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, му даваме целосна подршка на Никола Груевски да ја направи Македонија држава каде секој ќе се гордее со неа, а тие кои се иселиле од Македонија, да посакаат да се вратат назад. Ние му верумаве на Никола, дека ќе ја направи Македонија таква каква што НИЕ деведесетите години ја замислувавме.

Се’ додека Македонија има вакви синови, ќе постои и ќе ја има, ќе не има и сите нас кои го продолжуваме АМАНЕТОТ на ВМРО!

Нека ни е честит 8 септември, Денот на независноста на Македонија! Нека ни е вечна, нашата единствена бесмртна и библиска Република Македонија! Амин!- рече Мане Јаковлески во своето обраќање.

7

2 
 
5

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top