Коментари

Треба да се спречи поткопувањето на темелите на македонската држава


Свекрва

Следејќи го делувањето на раководството на СДСМ од осамостојувањето до денес се стекнува впечаток дека оваа партија работи против интересите на македонскиот народ и македонската држава. Само да се потсетиме дека на самиот почеток од осамостојувањето на Македонија тогашната СКМ – ПДП (денешната СДСМ) условуваше дека нема да гласа за Декларацијата за сувереност на Македонија, најважниот документ пред прогласување на независност, доколку ВМРО ДПМНЕ не го прифати Киро Глигоров за претседател на Македонија!

Декларацијата за сувереност на Македонија беше двапати одбивана од социјалдемократите пред да се случи политички компромис и истата да биде едногласно прифатена на 25 јануари 1991 година, а на 27 јануари Глигоров беше избран за претседателот. Истите тие, кои тогаш отворено беа против сувереноста на Македонија, денес со своето однесување повторно работаат заедно со надворешен фактор на рушење на суверенитетот на земјата. Според договорот од Пржино без пардон се крши Уставот и Законите на земјата со што суверенитетот е доведен во прашање.

СДСМ сега директно се насочува против македонската дијаспора која има огромен придонес за осамостојувањето на земјата и е еден од виталните столбови на македонскиот суверенитет. Со остранување на правото на дијаспората да гласа, социјалдемократите и албанскиот политички фактор, ќе го исполнат договорот на своите налогодавачи. Тие ќе го скршат последниот отпор на македонскиот народ и ќе вметнат такви дефектни решенија, како што беа Рамковниот договор и територијалната поделба, што ќе доведат до федерализација и поделба на земјата. Односно решенија со кои Македонија во иднина може да исчезне од географската карта.

Неодамнешната изјава на сдсмовската перјаница Љубомир Фрчковски дека треба да имаме Албанец за премиер, преставува врв на лицемерието на СДСМ и говори до каде одат челниците на опозицијата заради личните интереси и во одработувањето на странските агенди. Речиси 25 години, СДСМ континуирано работи против интересите на македонскиот народ и држава и никогаш не застанал во нивна одбрана.

Политичката активност на СДСМ во последните години која доведе до политичка криза во Македонија и која резултира со договорот од Пржино, ќе ги наведе меѓудругото четирите најголеми партии повторно во присуство на странци да преговараат за правото на глас на македонските граѓани надвор од Републиката и бројот на пратеници во Собранието. Гласањето на дијаспората до последен момент остана најспорно прашање пред работната група.

Нелегитимниот и недемократски процес, длабоко ќе ја загрижат македонската дијаспора, која историски гледано, има значаен придонес за меѓународниот углед и економскиот развој на државата. Оттука, Македонците од дијаспората со право реагираат, укажувајќи дека секое игнорирање и занемарување на интересите на македонската дијаспора не е во интерес на македонската држава, туку дека се работи за теснопартиски интереси. Истовремено тие посочуваат дека таквите лидери немаат политичка иднина.

Според Обединетата македонска дијаспора, Македонија без Македонците од дијаспората нема да има темелен просперитет. Во тој контекст таа ги повика партиите и пратениците во Собранието да не биде занемарен и игнориран гласот на дијаспората, а за  таа цел да го разгледаат искуството на Холандија и Естонија. Како што велат „најавите за укинување на гласот на граѓаните кој живеат надвор од Републиката не се државнички интерес и одразува политичка незрелост“.

Но, да беа лидерите на СДСМ зрели и озбилни политичари, немаше ни да дојде до ова што денес се случува, ниту пак да размислува за суспендирање на гласот на дијаспората, само заради тоа што таа традиционално гласа за ВМРО ДПМНЕ.  

Иако СДСМ јавно и дава поддршка за дијаспората да гласа, јасно е дека опозицијата со поддршка на албанскиот блок, сака по секоја цена да се суспендира дијаспората. Меѓутоа ниту македонскиот народ во земјата, ниту македонската дијаспора која испраќа огромни средства во татковината не го заслужува ова.

Голема неправда би била направена ако им се одземе правото на гласање на македонската дијаспора и ако се дозволи на опозицијата заради лични теснопартиски и надворешни интереси да го наруши суверенитетот и да ги поткопа темелите на македонската државност.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да направат се за да се спречи ова лудило, оваа политичка агенда на опозицијата предводена од СДСМ и насочена против македонскиот народ и држава.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top