Историја

МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!

Karta Makedonija 1913
Created with The GIMP

Karta Makedonija 1913

СПОРЕД ОСМАНЛИСКИТЕ АРХИВИ

АНКАРА: МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!

21 јуни 2016 година, Анкара, Турција

– Архивите на Турција како наследничката на Отоманската Империја располагаат преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки речиси воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто пак да чита турски со арапско писмо, пред воведувањето на латиницата.

Во 1993 година помошникот началник на Генералштаб на Турција, генерал Kurmay Başkanligi заедно со генералот Erdogan Oznal во Анкара ја издадоа книгата под наслов “Македонија не е грчка“.

Во оваа книга на 81 страници авторите претставуваат дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив.

Авторите на книгата “Македонија не е грчка“ зборуваат и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го сметаат за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција.

Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.

Според податоци, само во периодот од 1913 до 1928 година од Македонија биле присилно раселени 86.582 Македонци во Бугарија, а на нивните огништа доселени Египќани, Евреи и Власи. По ова може слободно да се каже дека Македонците го имале во овој временски период доживеано првиот егзодус. Во нивното протерување била применета сила, а околу 8.000 Македонци биле стрелани затоа што се спротиставиле на прогонството.

Според турските архиви Македонија во периодот од 1513 година па се’ до 1928 година се простирала на територија од 69.000 км2 или поточно 34.000 км2 Егејскиот дел на Македонија, 27.000 км2 Вардарскиот дел и 8.000 км2 Пиринскиот дел на Македонија.

Тодор Петров

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top