На прво место

Ценети почитувачи на Аманетот на Крушевската Република, сестри и браќа

Говор на Потпретседателот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ Манојил (Мане) Јаковлески

Почитуван Претседател на Влада на РМ, г-дин Емил Димитриев,

Почитуван градоначалник на Крушево и Претседател на Советот на Научно – културни средби „Десет дена Крушевска Република“ г-дин Ѓорги Дамчевски,

Почитувани Пратеници, Екселенции, претставници на МПЦ-ОА

Почитувани Крушевчани,

Почитувани коњаници и пешадии, кои дојдовте во Крушево по патот на илинденците

Ценети почитувачи на Аманетот на Крушевската Република, сестри и браќа

Ми претставува особена чест и задоволство, во името на Советот на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“, да Ве поздравам од ова свето место на македонскиот непокор, каде пред 113 години нашите предци, легендарните Илинденци, ги поставија темелите на македонската државност и каде со својата крв го потпишаа аманетот за генерациите кои доаѓаат.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е време кога оддаваме почит и положуваме цвеќе на гробовите на сите наши знајни и незнајни херои, на најдобрите синови и ќерки на Македонија кои ги положија животите за слободна и независна македонска држава.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е и време кога се потсетуваме на Аманетот на нашите предци, да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци.

Паролата „Слобода или Смрт“ го најави Сонцето на слободата кое со АСНОМ изгреа 40 години подоцна, а блесна во 1991 година со прогласувањето на независна Република Македонија.

Повикот содржан во Крушевскиот манифест од 1903 до сите обесправени, без оглед на вера и нација, да се стават заедно под знамето на востанието беше далеку пред своето време. Но денес, 113 години од Крушевската Република и 25 години од прогласувањето на независноста, соочени сме со нови предизвици.А главен предизвик e да ја чуваме и сочуваме Република Македонија. За жал, на ова свето место ќе речам, како да сме го напуштиле аманетот на Илинденците од трите Илиндени.

Ако сме искрени, прво пред себе, ќе признаеме дека се чувствуваме посрамени кога гледаме дека некој од надвор доаѓа прво да не` скара, а потоа да не смири. Срамота!

Историското искуство покажува дека секое надворешно вмешување резултирало со уште подлабоки поделби на македонското национално ткиво.Затоа, браќа и сестри, подалеку од бојаџии и нивни инструктори од надвор, зошто тие се добро платени да не` обојат.

Да излеземе на избори, како што доликува, па народот нека одлучи за кого ќе го даде својот глас, а не со фарбање и рушење на угледот на нашата држава.

Ако си ја растуриме куќата, најмалку е важно дали другите ќе ни речат браво или ќе ни се чудат, дали ќе не` тешат или ќе ни се ситат. Сите ние ќе бидеме среде растурена куќа, со празен поглед и празна маса.Тогаш нема да има “НАШИ” и “ВАШИ”.Сите ќе бидеме губитници.

Во изминатите 25 години, сведоци сме за разни притисоци и обиди за дестабилизација на земјата. Но, народот и безбедносните структури на Република Македонија одлучно се спртивставија на сите безбедносни закани, при што беа положени нови жртви на олтарот на слободата за Македонија.

Минатата година бевме сведоци за обид на дестабилизација на државата од страна на криминална терористичка банда. Токму затоа, сакам од ова место на македонскиот непокор, да изразам посебна чест и благодарност на нашите бранители, кои секогаш кога е најпотребно се на браникот на државата.

Денес во Крушево, како и секоја година им се поклонуваме на: Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, Богдановски и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор. Во славно Крушево, се поклонуваме и на сите бранители од 2001, се поклонуваме и на загинатите полицајци кои минатата година во Куманово ги дадоа своите животи за Македонија.

Да се биде Патриот во 21 век значи со дела да покажеш како се сака и како се работи за својата држава и својот народ. Денешниот патриот ја брани својата држава, денешниот патриот гради железници, патишта, училишта, болници, спортски игралишта, создава услови за странски инвестиции, отвора работни места, помага на старите, социјано загрозените. Тоа е патриот во 21 век.

Браќа и сестри, дозволете во името на Советот на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ да порачам –

МАКЕДОНИЈО, ГЛАВАТА ГОРЕ!

ГЛАВАТА ГОРЕ БРАЌА И СЕСТРИ И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НАШЕ РАЗНЕБИТУВАЊЕ!

ДА ГО ЗАЦВРСТИМЕ МАКЕДОНСКИОТ КОРЕН, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ЛОЗАТА НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ, ДА СОЗДАВАМЕ МНОГУДЕТНИ СЕМЕЈСТВА, ЗАТОА ШТО САМО ТАКА МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ ЕДНА НАЦИЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНА ДРЖАВА!

ДА ЖИВЕЕ, НАШАТА ЕДИНСТВЕНА И БЕСМРТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! АМИН!

И на крај Почитувани,

Чест ми e годинешниве Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“, да ги прогласам за ОТВОРЕНИ и да Ви го честитам претстојниот светол празник Илинден.

За многу години! АМИН!

Манојил (Мане) Јаковлески

Крушево-Гумења, 1 август 2016 лето господово

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top