Коментари

Костадин Керпичоски: Македонија горда на мајка Тереза

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Голем човек од нашата мала Македонија, од ова свето парче земја.

Македонија доби уште еден светец.

За оние кои незнаат, мајка Тереза од 1970-та година меѓународно е позната како голем хуманитарец и помошник на болни, изнемоштени и сиромашни луѓе/семејства.

Во 1979-та година Мајка Тереза е добитник на нобелова награда за мир.

Тереза или жената која шири љубов е од Македонија, потекнува од главниот град Скопје каде и се наоѓа нејзиното светилиште денес.

Токму денес, поради нејзините добри дела нејзината добрина е прогласена за светец!

Има ли некој кој сеуште неслушнал за Мајка Тереза или за Македонија?!

Всушност таа била и е најголемиот амбасадор на нашата држава, сакале ние сме признавале или не!

Всушност токму денес кога ние треба да бидеме горди има и такви кои се обидуваат да ја злоупотребаат неа, нејзиниот лик и нејзиното дело за ситни политички поени што е сосема погрешно и за осудување!

Мислам Мајка Тереза е наша, на Македонија, не е на СДСМ ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ!

Знаете мислам дека ќе е подобро да научиме нешто повеќе за неа, за нејзиниот лик, нејзините добри дела и лековитата моќ наместо да се плукаме меѓу себе, да ја делиме на оваа или онаа партија и да собираме поени божем животот е видео игра!

Апелирам до вас мои Македонци, да ги продолжиме делата на Мајка Тереза, да го величаме нејзиниот лик и нејзиното животно дело, да направиме да нема човек во светот кој не го посетил светилиштето во Скопје и кој ќе нема слушнато за нашата светица!

Всушност добро би било секој од нас во себе да ја разбуди Мајка Тереза!

Кој верува во чуда, чуда му се случуваат.

На крај ви посакувам добро здравје!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top