На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (I дел)

holokaust

holokaust

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

Вие кои ги преживеавте стравотиите што ги снајдоа Eвреите од Македонја и од цела Европа треба да живеете слободно во слободна Македонија, да ја обновите вашата (Еврејска) општина и да ги продолжите традициите на вашите претци…

~ Димитар Влахов

Овие зборови им ги упати прекалениот илинденец и револуционер Димитар Влахов на малкумината Евреи кои ги повика во декември 1944 година со цел тие, како и оние ретките кои успеаја да се вратат живи од логорите на смртта ширум Европа, што побрзо и поуспешно да се вклопат во новата заедница. Влахов во таа прилика предложил да се организира конференција на преживеаните Евреи што, истовремено би била и основачко собрание на нивната нова Еврејска заедница (општина). Тој во таа прилика им се извинил на присутните Евреи што не ќе може лично да присуствува на основачкото собрание поради крефкото и нарушено здравје, но нагласил со искрено возбудување дека сеуште му се свежи сеќавањата за далечната 1910 година кога солунските Евреи на плеќи го понесоа на изборите за Турскиот парламент со чија помош беше избран за член на Меџлисот во Цариград.

Собранието за обнова на Еврејската општина е одржано во куќата на Евреинот Ашер Бити во некогашното Еврејско маало под скопското Кале (тврдина), каде денес се наоѓа Меморијалниот музеј на холокаустот со почеток во 17 часот, а завршило доцна во ноќта со избор на претседател, два потпретседатели и секретар. За прв претседател на обновената Еврејска општина бил избран Ѓорѓи Блајер, за секретар неговата сопруга Лена, а за потпретседатели Јосип Грас и д-р Боро Варон.

Така, со тој настан, малата група преживеани македонски Евреи го продолжи животот во Македонија што на најголем дел нивни најблиски им беше брутално прекинат на 11 март 1943 година по долгата и внимателно подготвувана акција на бугарските фашистички окупатори и нивните нацистички германски спонзори. Беше прекинат животот на македонските Евреи што се одвиваше непрекинато повеќе од 2.000 години. Дури 98 одсто од македонските Евреи беа испратени во логорите на смртта. Иронијата на судбината беше навистина немилосрдна:  животот на Евреите во Македонија што со милениуми течеше со нивните македонски и соседи и припадници на народностите беше безмилосно прекинат во еден ден, во името на една болна идеологија за чистата раса што ја пропагираа нацистите во Германија предводени од нивниот водач, бившиот каплар Адолкф Шикелгрубер Хитлер, којшто и самиот го немаше расчистено значењето на поимите раса, народ и нација.

Македонскиот народ и етникумите што живеат во Македонија – Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Евреи и други дадоа голем придонес во отпорот и победата над фашизмот. Во Македонија, во текот на Втората светска војна паднаа големи жртви во борбата против германските, италијанските и бугарските наци-фашистички окупатори и нивните домашни слуги кои за своите неуспеси на бојното поле, својот злосторнички бес го истураа над голоракиот народ.

Ѕверскиот злостор што го сторија на македонските Евреи германските и бугарските фашисти секако е еден од најгрозните…

На 11 март 1943 година беше запечатена судбината на еврејското население во Македонија. 

Тој четврток, на 11 март 1943 година, повеќе стотици бугарски агенти, полицајци и фашистички војници ги собраа, после долги и систематски подготовки, речиси сите Евреи во Македонија и ги затворија во импровизираниот собирен концентрационен логор во скопскиот Монопол – специјално подготвен за таа намера, од каде после десет дена ги депортираа во лoгорот на смртта Tреблинка, во Полска. 

Ниту еден Eвреин од таму не се врати жив!

Меѓунаслов: НАСЕЛУВАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ЖИВОТ ДОЛГ СО МИЛЕНИУМИ

Хроничарите забележиле дека првите населувања на Евреите во Македонија се случуваат уште во дамнешните антички времиња заради честите војни што се случувале во Светата земја. Евреите се населуваа ширум античкиот свет, без татковина и земја, примани како маченици, но понекогаш и со отпори.

Античките писатели забележале дека во колониите на Феникијците долж Средоземјето живееле Евреи. Некои историчари сметаат дека по походите на Персискиот цар Дариј дошло до големо иселување на Евреите, други пак тврдат дека до масовно иселување дошло по походот на Александар Македонски на исток, а трети тврдат дека до масовно иселување дошло по освојувањето на Ерусалим од страна на Римјаните и падот на еврејската држава. 

Во третата “македонска” војна (170-186 година пред новата ера), кога последниот Македонски цар Персеј ги загубил од Римјаните Солун, Стоби, Хераклеа, Лихнидос…, меѓу жителите затекнале и Евреи.

Меѓунаслов: ВОСТАНИЕТО ПРОТИВ РИМЈАНИТЕ

Светата земја во 63 година пред новата ера ја покорил Римскиот император Помпеј, а во 40 година пред новата ера покорените Евреи дигнале востание против Римјаните кои по три години војување го задушиле во крв, а Евреите по тие случувања како робови биле депортирани ширум империјата, вклучувајки ја и Македонија. Непосредна потврда дека Евреите во Римската империја живееле и во Македонија е писмото од Еврејскиот крал Ирод (10-та година пред новата ера) до Римскиот император Калигула и пишувањето на александрискиот филозоф Филон.

Во I и во II век пред новата ера Евреите повеќе пати се побуниле против Римските освојувачи, а за да ги смири состојбите во империјата царот Хадриан ги раселувал ширум Римското царство.

Не се знае точно кога Евреите се населиле во Македонија, но сосема извесно е дека во овие краишта дошле многу порано од останатиот дел од Балканот. Евреите се една од најстарите етнички групи што живеат во Македонија.

Во текот на владеењето на римјаните Евреите живееле организирани во општини и уживале одредени права што им ги овозможувала Римската империја. Во Солун, Бер, Филипи, Стоби, Скупи, Хераклеја, Лихнидос… Еврејските општини имале автономна економска управа, па донекаде и судска управа. Им било овозможено да си ги извршуваат религиозните обреди во своите синагоги според јудејските закони. Секоја општина имала своја синагога и свои приходи, а на чело на синагогите биле Еврејски  г е р у з и и, или  к о н г р е с  на  старците.

Во текот на ископувањата во античкиот локалитет Стоби кај Велес, е откриена “Полихрамосова синагога”, еден од најстарите споменици од овој вид на Балканот, за којашто се верува дека е подигната непосредно по објавувањето на Миланскиот едикт со кој императорот Константин во 313 година од новата ера го призна христијанството, но и јудаизмот за една од официјалните религии во Римската империја. Не се знае со што точно се занимавале Евреите во тој период, но се претпоставува дека биле трговци и занаетчии.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top