На прво место

Студентите на ФЕИТ освоија прво место за електричен картинг

etf-2

etf-2

Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј “, Скопје освоија прва награда во категоријата Најдобри трудови на 9. Меѓународна конференција на студентски проекти IEEESTEC 2016. Натпреварот се одржа во ноември на Електронскиот факултет во Ниш, Србија, каде студентите на ФЕИТ се претставија со труд под наслов „Дизајн и реализација на електричен картинг“. Победничкиот тим го сочинуваат Иван Спасески, Бобан Момчиловски, Дејан Пејовски, Бодан Велковски, Тамара Панова, Филип Симјановски и Стефан Лутовски.

„IEEESTEC е меѓународна студентска конференција која што се одржа по 9-ти пат. Големо задоволство ми причинува тоа што ја добивме првата награда за најдобар труд во категорија по оценка на рецезенти. Оваа година на студентската конференција имаше 65 студентски трудови напишани од 118 автори. Имаше и наградени студентски трудови за најдобра практична изведба, категорија „Жените во областа на инженерството“ , „МТТ Специјална награда“, како и награден стручен труд, електронски оценуван од авторите кои учествуваа“, вели Иван Спасески, еден од наградените студенти на ФЕИТ.

etf-1

Трудот дава детален опис на успешно завршената прва фаза од проектот за реализација на електричниот картинг, која се одвиваше на ФЕИТ од септември 2015 до мај 2016 година. Овој проект е финансиран од ФЕИТ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а се реализира под водство на професор д-р Гога Цветковски и професор д-р Снежана Чундева.

„Овој проект претставува студентски проект кој ќе биде реализиран во три фази и ќе трае три години. Во првата фаза, студентите имаа задача од стар и неупотреблив бензински картинг со одредени конструктивни модификации на шасијата и вградување на електричен мотор, енергетски ппреобразувач и батерии, да го претворат во електричен картинг. Сето тоа го направија со сопствени сили и знаења, со помош на менторите и останатите членови од истражувачкиот тим. Со гордост може да кажеме дека имаме електричен картинг со задоволителни перформанси, односно автономија на спортско возење од 30 минути со просечна брзина од 30 km/h. Моќноста на еднонасочниот мотор е 2,5  kW, а капацитетот на батериите е 220 A/h. Следната задача на студентите, во втората фаза, ќе биде да го доработат картингот, односно да вградат дополнителна опрема преку која ќе се добива информација на екран за напонот и капацитетот на батериите, брзината на движење на возилото и некои дополнителни податоци неопходни за подобрување на квалитетот на движење и управување на возилото“, рече професор Цветковски.

Во оваа фаза на овој проект учествуваа уште осум студенти од студиската програма Електоренергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија и дел од наставниот кадар.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top