На прво место

ЗОРАН ЗАЕВ И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Не постојат недопирливи и дела за кои ако се докаже дека се кривични да не може да се одговара, на виновниците да им се суди…

Ама идиотска е изјавата на Зоран Заев за германскиот “Зидојче цајтунг“: “Со идиотскиот проект Скопје 2014 и со него поврзаната псевдо-историја која го рекламира Александар Велики како Македонец, не само што ја испровоциравме Грција, туку ја загубивме и меѓународната поддршка за нашите позиции“.

Изјавата на Зоран Заев не е само идиотска, туку и анти-македонска!

Ама, кога попокот на ваквите им е врзан “зад Карпатите“, а мозокот со Белград и Атина, и со тоа не труеја 50 години во поранешна СФР Југославија, епилогот не може да биде поинаков, освен ваков каков што го читаме: “Александар Македонски не е Македонец, туку Грк“!

Е, ова е индоктринацијата на “идеолозите“ болни за власт во Македонија кои би го демонтирале со штрафцигер проектот “Скопје 2014“, кои се’ би срушиле, затоа и со шарената револуција се’ по ред префарбаа…

Ова е само продолжение на расистичката изјава на покојниот Крио Глигоров кој своевремено рече: “Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера од зад Карпатите, за да не не’ поистоветуваат со Бугари и Срби, се нарековме Македонци поради името на територијата Македонија што ја населивме. Ние не сакаме да го присвојуваме културното и историското наследство на Александар Велики.“ Кажа Киро Глигоров тогаш и остана жив! Ама веќе го нема… Но, додека беше жив и не и’ се извини на нацијата затоа што ја прелажа “Временото обраќање ‘поранешна Југословенска Република Македонија’ во Обединетите Нации ќе остане само два месеци“, за жал, остана до денес, цели дваесет и три години.

И затоа не случајно децата во основните училишта по историските читанки ќе ги среќаваат следните гатанки за “Македонците и Словените“: “Словените од зад Карпатите се доселија во Македонија по шестиот век од нашата ера. Во Македонија ги затекнаа староседелците, Македонците. Дел од нив избегаа по приморските градови, а дел од нив се повлекова на планините, го задржаа јазикот, културата, обичаите и тоа се денешните Власи во Македонија.“ Е ова е МАНУ на дело! Ја збрлавеа нацијата, на која се потрудеа да и’ накалемат се’, само дека се Македонци не’!

Македонското чистилиште од пеколот до рајот е макотрпна работа, некои се враќаат назад на поправен а многумина и без продолжение…

Е толку од овие со Македонијата им! Та и Македонија толку од нив!

Ама, и покрај се’ и после се’, ние Македонците ќе победиме!

Македонците пирејот, Македонија фениксот!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! Амин! Амин!

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top