На прво место

АПЕЛ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АПЕЛ ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ!

29 декември 2016 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира на семакедонско помирување и обединување и отфрлање на омразата и одмаздата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел формирање на Влада после вонредните парламентарни избори, доколку партиите на Албанците во конекција со Приштина и Тирана, уценуваат со ревизија на Охридскиот рамковен договор и промена на името и Уставот на државата!

Имајќи предвид дека Македонија е единствениот заеднички именител и содржател на сите нејзини државјани, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалната положба и политичката припадност, СМК апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и покрај сите разлики, да покажат државничка зрелост и мудрост и безусловно да ги отфрлат ултимативните барања на партиите на Албанците за состав на Влада и да изразат единство и согласност по следните прашања:

(1) Поднесување на Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со нејзиното име, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ.

(2) Организација на попис на населението и донесување на Уставна декларација во Собранието со гаранции за правата и слободите на малцинските етнички заедници утврдени во Уставот, независно од пописните резултати.

(3) Склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Албанија и Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и положбата и правата на Албанците во Република Македонија, со реципроцитет во македонско-албанските односи – што за Албанците во Република Македонија, тоа за Македонците во Република Албанија во согласност со меѓународното право.

(4) Почитување на унитарноста и непроменливост на етничката и верската карта на државата, бидејќи етничките прашања немаат територијални решенија и отфрлање на барањата за територијална или функционална федерализација и кантонизација на Република Македонија.

(5) Почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународните односи и употреба на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Република Македонија.

(6) Процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред Јавното обвинителство избрано од новото Собрание на Република Македонија и почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација, со препорака до сите кои располагаат со докази да ги предадат на надлежните органи, имајќи предвид дека и прикривањето на докази е кривично дело соучество.

(7) Обезбедување на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја.

(8) Отфрлање на агресијата и насилството заради остварување на политички цели и заштита на имотите, животите и приватноста како неприкосновени, како и отфрлање на меѓународна арбитража за решавање на внатрешно-политичките прашања и мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

(9) Грижа за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, помагајќи го нивниот културен развој и унапредувајќи ги врските со нив, како и грижа за културните, економските и социјалните права на македонските државјани во странство.

(10) За евро-атлантските интеграции на Република Македонија ќе решаваат македонските државјани на референдум, кога ќе бидат исполнети условите за тоа, а Собранието и Владата да ги преземат сите мерки за заштита на мирот и безбедноста, и суверенитетот и територијалниот интегритет на државата поради илегалната емиграција.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top