На прво место

Рубин Земон и Филипче како промотори на бугарските позиции во Македонија

Македонска Нација

СДС и Венко Филипче сѐ повеќе се разоткриваат во своите политики на сервилност и отстапки, а случајот со оставката на Рубин Земон, според ВМРО-ДПМНЕ, е уште еден доказ за кризата и конфузијата во опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека скандалот со изјавите на Земон, како и реакциите во јавноста, покажале дека дури и во СДС сфатиле дека е направена сериозна политичка штета, поради што тој бил принуден да се повлече за да не го наруши дополнително угледот на партијата.

Во партиското соопштение се наведува дека политиките на Венко Филипче довеле до сериозен пад на довербата кај граѓаните, додавајќи дека неговиот рејтинг е на историски минимум, а СДС се соочува со внатрешни поделби и осипување на членството.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Филипче се оградува од ставовите на Рубин Земон, кој, како што велат, изнесувал навредливи тези за македонскиот револуционер Гоце Делчев и неговото значење за македонскиот идентитет.

Во реакцијата се потсетува и на фотографијата на Земон со, како што се наведува, истакнати антимакедонски активисти во Софија, за која Земон тврдеше дека била случајна средба.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е опкружен со луѓе на кои не им пречат навредите кон Македонија и македонскиот национален идентитет, а со своите политики, како што велат, им остава простор на бугарските власти за нови притисоци и уцени кон државата.

„Како што тргнал Филипче, на крај ќе остане сам со кланот Заеви“, се наведува во соопштението.

Најново од: На прво место

Во Тумчевиште одекна Комитското оро, во Гостивар коњаниците добија благослов за патот кон Крушево

На својот пат кон Бигорскиот манастир и Крушево, коњаниците од Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес пристигнаа во Тумчевиште, каде што беа свечено пречекани од жителите и бројните гости кои ја одбележуваа селската црковна слава – Собор на Свети Архангел Гаврил, во народот познат и како Летен Арангел. Во чест на […]

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

Најнови вести

To top