На прво место

СЕ ВРАТИ ПО ТИЛОТ БУМЕРАНГОТ “АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА“!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Го читам последниот коментар на Љубомир Данаилов Фрчкоски на порталот Либертас од 9 јануари 2017 година, насловен “Какво гигантско разочарување“. Фрчкоски изразува гигантско разочарување од платформата на т.н. албански блок партии “за според нив важните прашања, на основа на кои ќе преговараат за влез во владата на Македонија.“

Фрчкоски продолжува: “Конечно самата Платформа позиционира крајно сомнителни тези и опасна политичка програма во основа. Основа за големо-племенски нови расправи за карактерот на Македонија каде се’ повторно е во барабан, ништо не е решено и за се’ повторно племенските поглавари (со сеалбански и семакедонски платформи) треба да седнат и да се договорат? Како тоа замислиле браќата Албанци да се одвива? Ми се чини како опасно наивна политичка пизма тезата, дека Охридскиот договор (кој беше алфа и омега токму за Албанците) кој е направен со меѓународни гарантори и е единствен, толку фален, успешен договор, меѓународно признат како основа на успешен политички проект за изградба или барем доградба на држава, отсега не важи, ќе се менува со Нов договор, меѓу племенските старешини??? Ќе се пишувал нов Устав или постојниот ‘ќе се отворел’ за тие нови договори???

Тезата е концепциски надмината, базирана на колективистички не-ѓраѓански, предполитички, органистички идеи за нациите (во основа националистичка), а во пракса неостварлива. Неостварлива е бидејќи за таков проект е потребна согласност на двете македонски партии (и двотретинско мнозинство во Парламентот) што на Албанците им е јасно дека не е можно (ниту од една партија да добијат согласност). Ниту меѓународната заедница може да се сложи и поддржи такви проекти кои рушат се’ што креативно со многу напор, политичка волја и меѓународно посредништво се постигнало.

Па зошто воопшто ја соопштуваат ваквата Платформа со ваква содржина во овој најнесреќен од најнесреќните моменти кој го избрале?

Дали албанските лидери однапред се согласиле со улогата на ‘мали деца’ на кои треба да им биде простено секаква будалаштина да кажат, а потоа самите да ја проголтаат како политички нереална и лоша? Дали тоа им ‘тежело на душа’ па да си кажат? Дали е тоа политички одговорна позиција? Дали разбираат кому помагаат и зошто го прават тоа? Дали воопшто им е гајле за консеквенците од ваков контроверзен акт?

Сето останато во Платформата на албанските партии е познато, очекувано и веќе кажано од опозиционата алијанса на македонски и албански партии, тоа ми се чини дека има улога на тесто кое треба да ги опкружи црешите или јаболкото на националистичкиот проект кој е во средината на питата?“ – крај на цитатот…

Ами што можеше да очекуваме од новиот дискурс на СДСМ со собирањето гласови од Албанците во најтврдите упоришта на терористичката ОНА од војната во 2001 година? Гласови за СДСМ на финта патишта и канализации? По тоа само наивните може да се лажат. Патем, што може да очекувате од поранешни терористи кои се појавија со комуникеа “за ослободување на албански територии од славо-македонските окупатори“? Тие луѓе живеат со таа идеја, окупација врз Македонија, со агресија и насилство, тивко етничко чистење, најново со саудискиот вахабизам и петро-долари за кои полагаат сметка, а ние као еве сега демократија, партнери во влада… И затоа основата на нивната албанска платформа се барањата договор за нов грб, знаме, химна, име и Устав на државата или нова војна. Друг занает немаат и не знаат. Ама Трамп и Путин не се Обама. Ни Македонците не се тоа што беа со Глигоров и Трајковски.

Оваа т.н. албанска платформа, поддржана од Приштина и Тирана, е епилог од една таква квази-политика на СДСМ, да не се избираат средства за рушење на режимот и власта на ВМРО-ДПМНЕ, кои се разбира, и не се цвеќе за мирисање. Ама на тој мамец се залепија многу гласови. Ај да се присетиме, што велеше Зоран Заев пред албанската дијаспора во Берн, во Швајцарија, во предизборната кампања на 17 ноември 2016 година: “Охридскиот рамковен договор не е доволно. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор. Оти тоа е рамка… некоја… Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија, да има рамки, ограничувања? Не! Мораме да веруваме во еднаквоста и во рамноправноста! Ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец или тој мене како Македонец, за да може да функционира исто како мене или јас исто како него… Македонија ја замислувам, овде ако седиме, ако знаеме кинески, на кинески да се разбереме. Ако знаеме англиски, на англиски да се разбереме. Француски, француски. Албански, албански. Македонски, македонски. Да се ослободиме! Употребата на јазикот мора да биде средство да се разбереме!“

И поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос на истата трибина во Берн, со ист став како и Зоран Заев и Зијадин Села, да се изедначат двата јазика, потребна е промена на Уставот во Македонија.

– Двата јазика, македонскиот и албанскиот, треба да бидат официјални, за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата, исто како во Швајцарија. Kај нас имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски“, – завршен цитат.

https://www.youtube.com/watch?v=lVuvmap0UO4 https://www.youtube.com/watch?v=CPQ71zCQKr4 https://www.youtube.com/watch?v=xi6OCHLy__M

Патем, да не заборавиме на интервјуто и на Зоран Заев од 7 јуни 2013 година на ТВ АЛСАТ: “Се обидовме неколкупати да играме на политики на патриотизмот, како партија на која не и’ приличи таква политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса секако во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Ние сме државотворна партија. Ние сме партијата што беше пример за мултиетничкиот соживот. Играјќи на патриотски варијанти, ќе ги набројам неколку Законот за бранителите, Струга, Кичево…. не ни приличат нам социјалдемократите” – изјави Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=9yslEZd1qv8

Демек, според Зоран Заев, СДСМ е државотворна, ама не и патриотска партија, што е небулоза! Меѓутоа, безгранична плиткоумност.

Едно и основно, што не смее да се заборави: Не постојат во светот анационални држави. Националните држави се основата на светскиот поредок. Истовремено, националното не е антипод на граѓанското, ниту граѓанското е антипод на националното, тие се комплементарни. Грѓанинот не е супститут за нацијата. Грѓанин е само правен однос меѓу поединецот и државата, која пред се’ и над се’ е национална, и ништо повеќе од тоа! Друго е прашањето каков е квантитетот и квалитетот на правата и слободите за да ги детерминираме државите во демократски или недемократски, помалку или повеќе демократски. Сите држави во светот се национални, бидејќи во нивната основа е нацијата! Затоа и партиите како основа на политичкиот систем се национални, треба да бидат патриотски, затоа што не би требало да се предавнички и антинационални, како марионети на туѓи и други држави за нивни интереси и сфери на влијание во нивните држави и територии.

Жалосно е што за софистицирани системски и доктринарни прашања, политика ни водат приучени, од планина симнати, луѓе некадарни, мафијаши, криминалци, интриганти, ситни во душата, слепи и алчни во страста за власт и сласта за моќ и пари! А, има доблесни ителектуалци ова општество, и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци и Еѓиптјани и Хрвати и Евреи и… кои можат долгорочно студиозно и аналитички да мислат и осмислат за подобар, за богат живот… За жал, од сите партиски елити отфрлени, бидејќи основната идеологија на партиските елити стана и остана профитот којшто не познава милост и сентименталност!

Како капаче на сето ова, вреди да се повтори интервјуто на поранешниот новинар Мухамед Зекири за Агенцијата “Анадолија“ од 13 декември 2016 година, сега пратеник во Собранието на СДСМ: “Вредеше целиот овој труд, бидејќи Албанците напишаа историја на овие избори. Со гласањето за СДСМ, Албанците го осудија овој режим и направија тој да не биде повеќе на власт и да не може да функционира на истиот начин како во изминатите 10 години. Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа осетливи и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци… Убеден сум дека ветувањето за употребата на јазикот не е трик за привлекување на гласовите на Албанците во СДСМ… Во моментот кога ќе забележам ретерирање, ќе зборувам јавно и нема да молчам, бидејќи не му должам никому. Јас со мојот кредибилитет сакам да помогнам за општо добро. Нема да дозволам целта за која се ангажирав во СДСМ да биде злоупотребена, да ме злоупотребуваат мене или гласачите што гласале за СДСМ,“ – крај на цитатот.

Со платформата на ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА, бумерангот се врати, ама по тилот на СДСМ, за жал како голем товар врз сите. Ами сега?… е, сега “Иде Дунав… И да погинеш, колко моеж, ќе се спасиш…! А, ако не знаеш да пливаш и ќе се обесиш!“

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top