На прво место

РАЗЛИКАТА ВО МИСЛА Е ДЕМОКРАТИЈА, АМА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО

todor

todor

РАЗЛИКАТА ВО МИСЛА Е ДЕМОКРАТИЈА, АМА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО, СЕГА И ЗАСЕКОГАШ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Разликата во мисла е демократија, ама промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е патриотизам, туку најтешко кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народ и флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право! Жалосно е, ако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договараат композитно име со географска одредница за меѓународна употреба што претставува трајна промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Жалосно е, ако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ воопшто не размислуваат за безусловен крај на разговорите за разликата за името на државата со јужниот сосед Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации со државното име Македонија, преку Резолуција на есенското заседание на Генералното Собрание!

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да разберат дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ треба да знаат дека Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на името на државата! Промената на името на државата значи трајна промена на идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Затоа што во меѓународното право, името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата.

Македонија беше во една поранешна федерација – Социјалистичка Федеративна Република Југославија, со име на држава, име на народ и име на јазик, реприза на таа историја не ни е потребна! На Македонија не и’ треба Брисел како супститут на Белград! На Македонија не и’ треба Европската Унија како супститут на поранешна СФР Југославија.

Македонија не треба да членува во ниту еден воен сојуз, па ниту во НАТО!

На светот му треба нов колективен систем на безбедност преку Обдинетите Нации!

Македонија треба да остане неутрална држава со сопствена одбрана!

Македонија треба да воспостави билатерални односи со сите по прашањата од заеднички интерес на принципот на еднаква сувереност!

Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, во согласност со мултиполарноста на светот и новата геополитичка сцена!

Македонија треба да ги унапредува евро-атлантските интеграции, ама ги преферира и евро-азиските интеграции!

Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО поради антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!

Светот знае дека Брекзит во Велика Британија е почеток на крајот на Европската Унија! Светот знае дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е почеток на крајот на НАТО! Светот го отфрла британскиот модел на рекомпонирање на границите на Балканот со Голема Хрватска, Голема Србија, Голема Албанија и поделба на Македонија.

На народите во светот им треба крај на Студената војна, нов руско-американски детант и мир и развој!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин! Амин! Амин!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top