На прво место

ОБЈАВЕНA ЧЕТВРТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

agripa2

Александар Донски

Деновиве на Youtube е поставена четвртата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Ребека Бејли и Стефо Нанцу на кои авторот им упатува посебна благодарност. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Четвртата епизода е посветена на сведоштвата од јудејскиот крал Агрипа Втори и римскиот историчар Лукиј Ампелиј.

Агрипа Втори бил јудејски крал и бил последен претс­тав­ник на династијата на Херод Велики. Се родил на крајот од тре­тата деценија на први век по Христа и бил син на Агрипа Први. Тој бил проримски вос­питан и се залагал Евре­ите да не се бунтуваат против Рим­јаните. Во 58 година во Цезареја лично се сретнал со светиот апостол Павле. На по­ве­ќе детаљи од неговиот живот нема да се задржу­ваме, туку ќе спом­неме дел од еден негов говор во кој античките Македонци се одделно спомнати од Грците.

Овој говор на Агрипа Втори останал забележан од страна на најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј. 

Во говорот Агрипа Втори ги убедувал Евреите де­ка Римс­ката империја е многу сил­на и дека попусто ќе се борат. За да ги одврати од намерата да кренат воста­ние про­­тив Римјаните, тој им спом­нал дека и други народи би­ле под римска власт, па сепак, никој од нив не се осме­лу­вал да се бори против оваа силна империја. Меѓу наб­ро­е­­ни­те народи тој ги спомнал и Македонците, при што ре­кол:

„Што е тоа што ве тера да станете и да им се спротивставите на Римјаните? Можеби ќе кажете дека е тешко да се поднесува ропството. Да, но зарем не им е тешко и на Грците… А исто е и со Македонците, кои имаат поголеми причини од вас да бараат слобода“. (Josephus Flavius, “War of the Jews”, II, 16,4).

Значи кај јудејскиот крал Агрипа Втори имаме многу децидно сведоштво во кое Македонците се јасно издвое­ни како посебен народ во однос на Грците.

За римскиот антички историчар Лукиј Ампелиј (Lucius Ampelius) не се знае речиси ниш­то. Дури не се знае ниту времето кога живеел. Некои сметаат дека тоа било во II век, но повеќето истражувачи сметаат дека живеел во III век. Ампелиј  останал запаме­тен по своето дело “Liber Memoralis”. Тоа е всуш­ност крат­ка општа историја, која почнува од најраните вре­миња, а завршува до времето на римскиот цар Трајан (53 – 117 год.).

Во ова дело Ампелиј повеѓе пати ги споомнува Македонија и Македонците. Притоа тој недвос­мислено ги тре­тира како посебен народ во однос на Грците и оста­натите народи. Во шестото поглавие на книгата читаме:

„Во Азија најпознати (во оригиналот на латински стои clarissimae, што во буквален превод значи „најсјајни“, з.м.) народи се: Индијци, Сери, Персијци, Меди, Партијци, Арапи, Битини, Фригијци, Капа­докијци, Киликијци, Сиријцуи, Лики. Во Европа најпознати (clarissimae) народи се: Скитите, Сарматите, Германите, Дакијците, Мизите, Тракијците, Македонците, Далматите, Панон­ците, Илирите, Грците, Италите, Галите и Шпанците.“ (Liber Memoralis, De orbe terrarum, VI, 3).

Практично и овде имаме многу јасно издвојување на Македонците и Грците како одделни народи. Во истото поглавие овој антички автор недвосмислено пишува дека Олимп целосно била македонска планина:

„Најпознати планини во целата земја се: Кавказ во Скитија, Емод во Индија, Либан во Сирија, Олимп во Македонија, Химет во Атика, Тајгет во Лакадемонија, Китерон и Хеликон во Бојотија, Акрокераунија во Епир, Менал во Аркадија, Апенини во Италија, Ерикс во Сицилија, Апли во Галија и Италија, Пиринеи во Галија и Шпанија, Атлас во Африка и Калпа кај каналот кон океанот“.(Liber Memoralis, De orbe terrarum, VI, 6).

Во десеттото поглавие, посветено на империите, Ампелиј ги спомнува оние народи кои имале свои славни империи, при што, заедно со: Асирците, Медите, Персијан­ците, Лакадемонците (Спартанците, з.м.), Атиња­ните и Римјаните, посебно ги спомнува и Македонците.

Во Шеснаесеттото поглавие Ампелиј накратко го опишува периодот од владеењето на Филип и Алек­сан­дар, па се до римската окупација на Македонија при што заклучва дека римскиот генерал кој ја поразил Македонската војска Паул Емилиј, бил дочекан како ослободител од страна на Грците кои до пред тоа се наоѓале под македонско ропство.

„Паул којшто ги порази Македонците, а за Грците беше ослободител и од кои стекна голема слава, секој­дневно… ѝ се заблагодаруваше на судбината затоа што успеал да ги порази жестоките непријатели на своите дом и држава.“

Четвртата епизода може да се погледне на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=3EXbA1NpyiU

Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share

Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк: https://www.gofundme.com/aleksandardonski .

Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда!

Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.

agripa2
Биста со ликот на библискиот крал Агрипа Втори, кој сосема јасно ги издвојувал Македонците од Грците

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top