На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (8. дел)

holocaust2

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ТРЕТИОР РАЈХ ГИ БАРА ЕВРЕИТЕ ОД СВОЈАТА СОЈУЗНИЧКА БУГАРИЈА

Комесарот за еврејски прашања на Бугарија Александар Белев на 2 фебруари 1943 година го известил своето Министерство за внатешни работи дека германскиот амбасадор во Софија Теодор Данекер му соопштил дека Рајхот бил спремен да ги прими Евреите од окупирана Македонија и Беломорието, како и ,,несаканите,, Евреи од ,,старите предели,, /од Бугарија/.

Фашистичката власт во царборисовска Бугарија веднаш се посветила на исполнување на барањето на нејзиниот сојузник – Рајхот и почнала со подготовка на списоци на сите Евреи на нејзината територија и окупираните предели, а Иван Захариев, шефото на скопската канцеларија на Комесаријатот за еврејски прашања воќе до 20 фебруари 1943 година го подготвил списокот на целокупното население  во Македонија и Тракија. Само сва дена подоцна, на 22 фебруари 1943 година германскиот  амбасадор Теодор Данекер  во името на Рајхот и Александар Белев во името на бугарската фашистичка влада го потпишуваат договорот за  предавање на Германија во првата фаза 20.000 Евреи од Македонија и Беломорието. Со други зборови, двата верни сојузници кога станувало збор за решавање на ,, Еврејското прашање,, ништо не оставале на случајот.

хххххххххххххххххххх

Првите поединечни егзекуции на Евреите во Македонија извршени се во текот на 1941 година. Бугарската окупациона власт во Македонија им предале таа година на Герм,анците 48 од 300 Евреи кои пребегале во Македонија од Белград, по навлегувањето на германските окупаторски сили во Србија. Сите биле стрелани на  3 декември во импровизираниот логор Јајинци во близината на Белград.

хххххххххххххххххххххх

Со договорот помеѓу  Теодор Данекер и Александар Белев од 22 фебруари 1943 година депортацијата на Евреите од Македонија и беломорието требало да започне на почетокот на март истата година; нивното предавање да се врши во определени пунктови, привремени логори во близина на железнички стсаници, а нивното собирање да се изврши веднаш и одненадеж. Од тој момент тие (Евреите) потпаѓале исклучиво под германска надлежност (Натан Гринзберг: “Документи”, стр. 8-11).   Белев му предложил на министерот за внатрешни работи Габровски за извршување на таа операција заедно да дејствуваат војската и полицијата. На Евреите требало да им се каже дека ке бидат транспортирани во други краишта на Бугарија, но тие несмееле да знаат дека ке бидат предадени на Германците! По нивното иселување, се разбира, еврејскиот имот би бил конфискуван  во полза на бугарската држава.  

Веднаш по потпишувањето на договорот Данекер-Белев забрзано запоцнала подготовката на објекти што требало да постанат собирни логори за Евреите. За спроведување на акцијата за собирање на македонските Евреи биле задолжени делегатот на Комесаријатот за еврејски прашања во Македонија Захари Велков, за скопската област Иван Захариев и Пејо Драганов Пеев, кој воедно бил командант на скопскиот концентрационен логов, за штипската област Стојан Христов Башчеванџиев, а за битолската област Кирил Стоименов и Ѓорѓи џамбасов. Било предвидено во Македонија да се подготвав три собирни логори – во Скопје, Штип и Битола, но бил направен само еден, во големите згради на скопскиот Монопол кои и денес постојат како неми сведоци на големата трагедија. Собирниот логор бил во една од четирите згради, секоја со по 30 соби. Во секоја соба по десетина дена  – се до депортирањето за логорот на смртта Треблинка, престојувале по 241Евреин! 

Меѓунаслов: 11 МАРТ 1943

Во два часот наутро на 11 март повеќе стотини бугарски агенти, полицајци, војници и претставници на Комесаријатот за еврејски прашања ги добиле последните инструкции за почеток на грижливо и во строгса тајност подготвуваната акција за собирање на македонските Евреи според грижливо однапред подготвените списоци. пред зградите на полицијата во Скопје. Битола и штип се собрале десетици запрежни коли што требало да го пренесат она што им се нашло при рака на избезумените од страв Евреи, како и за превоз на болни.

Тоа студено мартовско утро, четврток, бугарската војска и полиција ги блокирала сите улици и квартови во Скопје, Биутола и Штип кадешто живееле Евреи. На секои десет метри бил поставен по еден војник. Никој не смеел да помине! Во групи по тројца, со списоците со имињата и картони со адресите на живеалиштата на Евреите, бугарските фашисти се распрснале кон еврејските куќи. На полицајците им било наредено да им кажат на Евреите да ги понесат сите пари со коишто располагаат и драгоцености “за да им се најдат во неприлика”. По напуштањето на живеалиштата полицајците истите ги запечатувале, а клучевите ги предавале во полицијата.

Најверодостојна слика за тоа што се случувало тоа утро на 11 март 1943 година се изјавите на малкумината Евреи коишто успеале да се спасат од погромот. Забележена е изјавата на Хескија Пијаде пред федералната комисија на Македонија за испитување на воените злосторства кој, помеѓу останатото го рекла следното:”Ние како да ја претчуствувавме несреќата. Утрото, околу пет часот разбравм,е дека целиот град е блокиран…. Двајца вооружени полицајци во придружба на три полициски агенти грубо ја турнаа вратата и почнаа да не прозиваат. Злато, накит, часовници, пари и се што е скапо земете со себе, патот е долг, нека ви се најде”, изјавил Хаскија. “На улица не чекаше шпедитерска кола и неколку фамилии фатени пред нас. Малку од студот, малку од страв, се тресевме. Секој од нас гледаше во мајката, сестрата братот како никогаш повеќе не ке да ги види. Во дворот на Монополот беа наредени неколку маси, а од страна гледаа наредени агенти и полиција. На масите злато, накит, часовници, а џебиовиуте на агентите, преполни. Вадевме се што понесовме со себе.. Еден агент нешто ставаше во свотот џеб, а нешто забележува во записникот! – Пари, пари, златото вадете го, урлаше еден агент. Ако ти најдам нешто ќе те стрелам како поес! Погледнав во соседната соба, а тамо еден агент им го симињаше накитот на мојата жена. Го претражуваше секој дел од телото. какво понижување”.

Слична била атмосверата и во Битола каде на 11ти март 1943 се собрани 973 еврејски фамилии со 3.351 член. Со собирањето на битолските Евреи раководел Кирил Стоименов, Георги Џамбасов, Васил гепргоиев Василев и генераслот Маринов. Истиот ден, на 11 март, со 14 сточни вагони за Скопје се транспортирани 131 еврејска фамилија со 551 член. Со акцијата таму раководеле Стојан Христов Бахчеванџиев и Игнат Атанасов.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top