На прво место

„Стоп oперација Сорос“ ќе побара од САД ревизија за работата на УСАИД Македонија

stop-operacija-soros

stop-operacija-soros

Движењето „Стоп oперација Сорос“ ќе побара од Стејт департментот, Конгресот и Сенатот на САД да се изврши ревизија за работата на УСАИД во Македонија во последните четири години бидејќи, според нив, има значително политизирање и злоупотреба на еден дел од финансиската помош која САД и ја укажуваат на Република Македонија преку УСАИД.

Според „Стоп oперација Сорос“, од февруари 2012 година УСАИД почнале соработка со фондацијата „Отворено општество“, финансирана од Сорос и потпишале договор за проект за развој на граѓанското општество во Македонија во кој како главен изведувач била Фондацијата „Отворено општество“.

– Во декември 2012 година во Македонија започна да се креира кризата со блокирањето на Парламентот од страна на СДСМ кога требаше да биде донесен буџетот на Република Македонија по што следеше и напад на Собранието од страна на СДСМ. Оваа склучена соработка помеѓу УСАИД и СОРОС заврши на 31 август 2016 година, или поточно, во периодот кога завршија протестите на т.н. „Шарена револуција“. Оттука произлегува прашањето, дали соработката помеѓу УСАИД и СОРОС беше наменска и злоупотребена со цел да се создаде длабока политичка и безбедносна криза во Република Македонија?, изјави денеска Никола Србов од Движењето „Стоп операција Сорос“.

Тој посочи дека е најавен нов проект на УСАИД преку организацијата наречена Ист вест менаџмент, која соработува со Фондацијата Отворено Општество.

– Проектот ќе го изведува заедно со фондацијата „Отворено општество Македонија“ и организацијата „Метаморфозис“, која е основана како дел од мрежата на Сорос во Македонија и спроведува значителен дел од неговите медиумски проекти. УСАИД Македонија се реши да одобри нов повеќемилионски проект со фондацијата на Сорос во периодот кога во тек беа изборите во САД. Милионски суми се одобруваат за идни кампањи на Сорос во Македонија, за идно политизирање на невладиниот сектор, за идни насилни протести, и тоа непосредно пред Доналд Трамп да ја преземе претседателската функција во САД. Во истиот проект е ангажирана и организацијата Форум на лица како Сашо Орданоски, Љубомир Фрчкоски и Ѓунер Исмаил, истакна Србов.

Тој додаде дека новата администрација и даночните обврзници во САД треба да знаат дека во изминатиот период преку УСАИД била поддржувана СДСМ со што директно се делувало политички во Македонија, заземајќи страна во политичкиот живот во државата.

Утрински весник

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top