На прво место

Гости вар ? Вар вар !

gostivar-pivara

Наточено од Радмила Степановска
Учесник на обуката „Вештини за успех“ и поранешен практикант во Пивара Скопје
23 јануари 2017

gostivar-pivara

Гостивар е град со богата историја и култура. Град  на кој се наоѓа почетокот на течението на најголемата река во нашата држава Вардар, изворот Вруток, опколен со двете најубави планини Шар Планина и Сува Гора.  Град во кој сум порасната и без кој не можам да дишам.

Имам многу да раскажувам за Гостивар за да ви го претставам животот во него. Гостивар е градот со најголема култура на соживот и мултиетничност, град во кој секој со секого е пријател, секој со секого има тема за разговор. Легендата вели дека во турско време, поточно за време на османлискиот период, Гостивар бил место за одмор на трговците кои патувале кон западниот дел од државата. Постоел само еден Ан каде луѓето можеле да одморат, да јадат и да го продолжат своето патување. Во тоа време се говорел турскиот јазик, а гостите намерници кога доаѓале прашувале “гости вар?” што на турски значи “сакате ли гости?” а одговорот бил “вар вар” што во превод значи “сакаме, сакаме”. Така Гостивар и го добил името кое и ден денес го носи. Подоцна тука се направиле услови и за чување на добитокот и товарот кој го носеле трговците. Со тек на време Гостивар станал мал трговски град каде луѓето – трговците си ја разменувале стоката. До ден денес Гостивар е град со богата трговска култура или како што се вели, еснафски град.

Кејот на реката има своја приказна која секој гостиварчанец ја раскажува на свој начин. За тој кеј се испреплетени многу приказни доживеани од Гостиварчани, а најмногу од нив, љубовни. Кејот и ден денес е место каде младите парови уживаат во својата љубов. Сега кејот се спојува со изворот на реката Вардар – Вруток и станува пешачка патека за љубителите на долгите прошетки и чистиот воздух. Мирисот на липите, мирисот на свежо искосената трева прави веднаш да се вљубиш во него. Мирот и спокојот кој на сите ни е потребен го наоѓаме таму. Кејот исто така е редовна дестинација за спортистите кои секојдневно, уште во раните утрински часови, можеме да ги сретнеме како трчаат и вежбаат. Стадионот кој се наоѓа на самиот кеј е уште една инспирација кај нашите Гостиварчани да спортуваат повеќе. Кејот е полн со клупи за одмор за оние кои сакаат да  одморат и полека да го продолжат својот пат до самиот извор. А таму, на изворот ќе ве пречека прекрасната глетка на богатата шума, чистиот воздух, жуборот на водата, рибите чиј отсјај на сончевата светлина изгледа прекрасно. Сето тоа го прави Вруток како прво населено место на самиот извор на Вардар прекрасно. Местата каде што може да се седне и вкуси прекрасна риба и локални специјалитети се многубројни. Ресторан  “Бурими”, кој се наоѓа на самиот извор на реката и каде може да се вкуси пастрмка приготвена на повеќе начини, а изборот е навистина голем,  рибниот ресторан “Јоцо Пром” кој е сместен во прекрасната природа на с. Вруток, каде што покрај специјалитети од риба може да се вкусат и други локални јадења.

Гостивар поради својата мултиетничност има и богата кулинарска култура. Кој бил знае кој е вкусот на баклавата во “Рекорд”- најстарата слаткарница во градот која постои повеќе од 60 години,  трилечето, сладоледот за кој се чека во редица во топлите летни денови, бурекот од “Акчај”, кој е највкусниот бурек, не само според Гостиварчани, туку и според сите оние патници намерници кои сакаат да вкусат нешто локално и традиционално, ќунефето – традиционален турски десерт направен од кадаиф, несолено сирење и путер (кравја маст), гостиварскaтa топтајњца и надалеку прочуената скара. Тука се и локалните места за излегување… топло ги препорачувам  кафетериите и баровите во центарот на градот,  “Мекиците од стража” , “Baby blue” “Royal Garden”, “White House Restaurant”, но и ресторанот “Сајгија” кој е автентичен по својот традиционален изглед и храната која се приготвува, на пример, скара со залучени пиперчиња, традиционални специјалитети од тесто и многу други. Сендвичарите “М”, “Амиго”, “Мал Чардак” ги задоволуват истенчените гурмански вкусови на моите сограѓани. Рестораните  “Де Галерија”, “Европа Гарден”, “Хилтон” се исто така доста посетувани. Но тоа не е се, тука е и пивницата “Паб” која е единственото место од овој тип во градот.

Ноќниот живот во градот има од сѐ по нешто и за сечиј вкус. Дискотеката “Хард Рок” редовно се полни со млади луѓе кои уживаат во звуците на добрата музика како од локални бендови и групи така и од групи кои доаѓаат од другите градови и соседните држави.

Ете тоа е мојот Гостивар. Дојдете и посетете го во било кое време од годината. Секоја сезона си носи своја убавина. Дојдете и уживајте во убавините на градот и околината и се разбира во гостопримството на гостиварчани коe е надалеку познатo.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top