На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (11 дел)

Bulgarian-Facists

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ШТО СЕ СЛУЧИ СО БУГАРСКИТЕ ЕВРЕИ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Bulgarian-Facists

Еден од “позначајните аргументи” со којшто се глорифицира наводниот “придонес” на Бугарија во Втората светска војна и во конечниот слом на фашизмот кому верно му служеа цели три години, денес современата бугарска историографија е сознанието дека Бугарија била единствена земја што му се спроставила на Хитлер и не му ги предала нејнините Евреи!? Меѓутоа, истата таа бугарска современа историографија, но и политика, како да заборавија дека Евреите од Македонија и Беломорието беа ликвидирани токму поради  настојчивото залаганје на царборисовска фашистичка Бугарија да даде свој придонес за конечното решавање на “Еврејското прашање” за на тој наин, барем донекаде, да му се одолжи на Хитлер , барем за определен период, да ги реализира своите Санстефански стоништа за “Целокупна Бугарија”, или “Голема Бугарија”.

фалбите за наводниот голем (?) бугарски придонес во Втората светска војна, но  и минимизирањето на реалниот учинок на другите нации од страна на бугарската историска наука се добро позната појава. Меѓутоа историските аргументи и сочуваната документација, конкретно за случајот со наводното спасување на бугарските Евреи, говорат нешто сосема подруго од она што се обидува да го наметне како сознание бугарската историографија.

Дури и еден бугарски Евреин, Израел Мајер, во написот:”Спасението на блгарските Евреи од уништожение” (Спасот на бугарските Евреи од уништување), објавен во Софија во 1967 година пишува дека на 15 март 1943 година претседателот на Народното собрание на Бугарија Д. Пешев упатил протест до владата на премиерот Филов “против депортацијата на несаканите Евреи”, а тој протест го потпишале и уште 43 пратеници.

Споменатиот Израел Мајер и бугарската историографија го третираат тој протест како “акт на бугарското јавно мислење”. Но добро е да ги потсетиме и бугарските историчари, но и поединци како Израел Мајер и нему слични дека до тој протест дошло дури одкога судбината на македонските Евреии Евреите од другите окупирани од фашистичка бугарија територии била  д е ф и н и т и в н о  запечатена. Чудно е, исто така, што тогашните “народни пратеници” не се огласиле порано- пред ддефинитивно да биде запецатена судбината на Евреите од Македонија и Беломорието бидејки токму тие, како пратеници во фашистичкото Народно собрание и ги носеле /гласала за нив/ , законите на економско уништување и кратење на сите граѓански и политички права на Евреите во Македонија и Беломорието!? Од друга страна, прашање е дали е можно Филов и неговите 43 пратеници/подржувачи на апелот воопшто да се сметаат за некакво “јавно мислење” клога е сосема јасно кои се лугје можело да бидат пратеници во фашистичка царборисовска Бугарија.

Вредно е да се спомене дека на 15 март 1943 година, кога наводниот протест стигнал во народното собрание на Бугарија, веќе била решена битката за Сталинград во која најелитните германски единици го доживеаја најголемиот пораз на Источниот фронт, а која битка практично беше пресвртница во Втората светска војна и во вкупната а политичка атмосвера во Европа и пошироко. Бугарските “народни” пратеници секако не мислеле на Евреите во својата земја туку како да ја спасат сопствената кожа! Во прилог на овој заклучок одат многу факти. Така на пример, на 18 август 1943 година Адолф Бекерле го известил Министерството за надворешни работи на Рајхот дека бугарската влада не сакала да ги даде бугарските Евреи плашејки се од репресалии од англо-американците, конкретно од воздушни бомбардирања на Софија, Варна и други поголеми градови во Бугарија, како и од влошување на меѓународната политичкат ситуација што не би и одело во прилог на Бугарија.

Сосема логично се наметнува заклучокот дека развојот на работите на боиштата по завршетокот на Сталинградската битка, како и заканите за бомбардирање на Бугарија од страна на сојузниците, како еден од најверните сојузници на Третиот Рајх ги спасија бугарските Евреи, а некакво си “јавно мнение” на неколкумината пратеници во фашистичкото бугарско собрание! Од ова може да се извлече и заклучокот дека и бугарските Евреи со сигурност ке беа депортирани во логорите на смртта доколку нацистичка Германија имаше успеси на фронтовите и обратно, со недавањето (?) на бугарските Евреи на Рајхот Бугарија, барем донекаде, се обиде да се рехабилитира за злосторот што го сторија врз македонските и беломорските Евреи во Втората светска војна како верен сојузник на Рајхот и неговите сателити.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top