На прво место

„АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА“ Е ПОЛИТИЧКА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДУИ

todor-petrov

todor-petrov
Пишува Тодор ПЕТРОВ

Таканаречената “албанска платформа” се разбира е грубо мешање на Тирана во внатрешните работи на Македонија. Очигледно е дека Еди Рама ја губи довербата во Албанија, популистички му беа потребни Албанците од Македонија во Тирана во демонстрацијата на политикантскиот патернализам. Но, повеќе од сигурно е дека “албанската платформа” претставува политичка манипулација на ДУИ заради изгубената доверба од избирачите пред локалните избори, освен лаги веќе друго и не може да им понуди. “Албанската платформа” на Албанците не им носи подобар живот, вработување, работа, пензии, инфраструктура, образование, здравство, култура…

На вонредните парламентарни избори од 11 и 25 декември 2016 година најголем губитник беше ДУИ, од 153.000 спадна на 85.000 гласа, изгуби цели 80.000 гласа и 10 пратенички места. Приоритет им беше двојазичноста на целата територија на државата и измена на членот 7 “македонскиот и албанскиот јазик се службени јазици во Република Македонија”.

Заканата на Зијадин Села беше или двојазичност или формираме паралелно Собрание на Албанците во Македонија.

На 20 февруари 2017 година ДУИ очекувано ретерира, вели: “ДУИ останува на ставот дека нашиот предлог не излегува од рамките на Уставот и Рамковниот договор. Ние не бараме двојазичност на целата територија, туку само практична примена на албанскиот јазик каде што живеат над 20% од оваа популација.” За волја на вистината, практичната примена и на албанскиот јазик е уредена со Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 13 август 2008 година.

Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот и законите, а со него, Албанците со помалку од 15% во вкупното население станаа најпривилегирано малцинство во светот. И тоа е максимум што може, повеќе нема да добијат.

Се разбира, ниту СДСМ им испорача на Албанците тоа што им вети. Само џабе се прогласи за албанска партија поради 60.000 албански гласа, кои гласаа за двојазичност а не оти очекуваа дека Зоран Заев ќе им гради водовод и фекална канализација во местата каде што живеат.

Евентуална коалиција ДУИ – СДСМ ќе ги однесе и двете партии најбрзо до Бутел.

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top