На прво место

Национална ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“

ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“ Ние како како крајно десничарско движење „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“ во целост ја приложуваме нашата Македонска Платформа која е во интерес на нашите национални интереси.
Нашата платформа е содржана во десет точки кои ќе го зацврстат Уставот и веќе еднаш ќе ги решиме клучните проблеми кои задираат во националните интереси на Македонците и Македонија.А тие се следниве:
1. ИСТАКНУВАЊЕ НА ТУЃИ ЗНАМИЊА И СИМБОЛИ Сакаме измени во Уставот. И од изменувањето на тој член во Уставот, секое понатамошно истакнување на знаме на друга држава, славење на празници за одредени знамиња, да се сметаат за закани по безбедноста на државата и народот.Знаме истаканато во туѓа држава,освен ако не е на амбасада,се смета за провокација!
2. ПРОМЕНА НА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ,ГРБОТ И ХИМНАТА Уште подолу во нашата првично објавена платформа истакнавме дека сме за промена на државните симболи и дека оваа точка ни е иста како во т.н “албанска“ платформа.Сме ЗА! Сме ЗА да се врати 16 кракото сонце на Кутлеш.Знамето кое во октомври 1995 насилно беше изгласано да се промени! Сме ЗА на грбот да се исправи нашиот златен лав на крвава подлога.Вечниот симбол по кој од памтивек не препознал светот! Сме ЗА да се промени и химната! Нека се врати првата химна која ја пееле Македонците по секоја добиена битка и остварена слобода.Да се врати химната „Изгреј зора на свободата“!
3. ПОНИШТУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА ОД 2004 ГОДИНА На 13.02.2004 година во собрание влезе иницијативата за нова поделба на територијата со што општините Чаир,Гостивар,Струга,Кичево ги изгубија Македонските карактеристики. По неговото внесување во собрание,единствена пречка беше Претседателот Борис Трајковски кој најави дека нема да ја потпише таа срамна поделба.Девет дена подоцна на 22.02.2004 година во падот на Кингерот во Мостар загинува Претседателот Борис Трајковски и целиот негов тим. Со тоа и последната пречка ја снема,и срамната поделба се случи со помош на монтиран референдум! Затоа во нашата платформа го изразуваме нашиот став за ПОНИШТУВАЊЕ на територијалната поделба! Тоа е одлука на одредени политичари поддржани од надворешен фактор! ТОА НЕ Е ОДЛУКА НА НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ!
4. БРАНИТЕЛИТЕ Како четврта точка од нашата платформа го издвојуваме проблемот со Бранителите.Ова е истотака клучна точка за нас,бидејќи Бранителите се целосно обесправени во 2001 година.Нивниот статус веќе 16 години е статус кво.Зошто никој не сака да го реши проблемот на луѓето кои го жртвуваа својот живот за оваа Татковина! Затоа нашата идеја е овој голем проблем да го решиме! Бранителите ќе си добијат посебно место во општеството,како група граѓани со приоритет! Оние кои не им се решени статусите во Армијата да им се решат! Оние кои не се вработени да се вработат! Оние кои немаат кров над главата да им се најде! За загинатите посебни места во учебниците!
5.БУКУРЕШТКИ ДОГОВОР Ревизија и решавање по правна основа на Македонското прашање кое по Балканските војни е “затворено“ со Букурешткиот договор.Правна битка со сите учесници во истиот. Отварање на овој договор кој реално требаше да биде отворен на неговата 100 годишнина од потпишувањето,а тоа требаше да се случи уште во 2013 година. Одржување на идејата за Обединета Македонија!
6.НАПУШТАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Конечно треба да реагираме како држава! Тоа ќе започне со напуштањето на преговорите со Грција,бидејќи е срамно самите да поддржуваме преговори кои имаат за цел да ни го сменат името,јазикот и да ни го поништат идентитетот! Ние имаме право на самоидентификација! Ние нашето име,држава и идентитет ги немаме добиено на тацна,туку за нив крваво се бореле нашите предци! Затоа ќе се залагаме за напуштање на преговорите со Грција.
7.ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ Ние како движење ќе се залагаме веќе конечно да станеме држава која ќе биде не само мајка на тие што живеат во Македонија,туку и на Македонците кои живеат во Грција,Албанија,Бугарија и Србија.Ќе се залагаме да го добиваат рамноправниот третман во тие држави како што нивните малцинства го имаат во Македонија! Сите Македонци во соседните држави да добијат државјанства,да учат на мајчин јазик во местата каде што живеат,каде што се во помал број,барем да имаат изборен македонски јазик,поголеми социјални права итн.
8.НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ Поради големата поделба која се случи во оваа криза,ние како движење се залагаме,секоја следна власт која секако ќе ја води Македонска партија,да се залага за обединување на Македонскиот народ! Обединувањето е клучна работа во смирувањето на сите тензии и проблеми во нашата држава! Зачувувањето на татковината ќе се случи само ако сите се обединиме заедно како Македонци и се бориме за својата држава! Само обединети ќе го зачуваме ова тешко заработено парче земја!
9.ПОПИС Поради проблемите кои настанаа со Рамковниот договор и оние вештачки 25% кои добија повеќе права од Македонците.Мораме конечно да изработиме реален попис на населението со кој ќе докажеме дека не се 25 туку и многу помалку од 20% со што ќе се поништи Рамковниот договор а со тоа и ќе си ја вратиме променетата Преамбула од пред 2001 година.
10.ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ И НАТО Веднаш како држава мора да се повлечеме од преговорите за влез во евроатлантските заедници.Единствена причина се тие нереални услови со кои сакаат да се откажеме од се што ни е свето како држава и народ.Да го изгубиме идентитетот и името за да членуваме во организации и заедници каде што друг ќе не условува како да се однесуваме и нарекуваме?!
НЕ БЛАГОДАРИМЕ!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top