СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ ГО ОТФРЛИ ДЕЛОТ ОД ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА “БУГАРИ” ВО АЛБАНИЈА!
28 февруари 2017 година, Пустец, Мала Преспа, Албанија – Советот на општина Пустец во Албанија одржа седница на која единствена точка на дневен ред беше Прогрес-извештајот за интеграција на Албанија во Европската Унија усвоен од Европскиот Парламент.
Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука за отфрлање и неприфаќање на делот од Прогрес-извештајот за интеграција на Албанија во Европската Унија, во којшто се спомнува и се бара признавање на “бугарско“ малцинство во Албанија и тоа во региони во коишто живеат само Македонци.
Меѓу другото, Советот на општината Пустец се повика и на резултатите од последниот попис на населението во Албанија во 2011 година, во којшто во општина Пустец се попишани окулу 3.500 резидентни жители како Македонци и ниту еден како “бугарин”!