На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (13 дел)

deportacija-evrei

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, ТРАКИЈА И СОЛУНСКО

deportacija-evrei

Во првата фаза на иселувањето на Евреите од “Целокупна Бугарија” (старите предели на Бугарија и окупираните предели во втората светска војна на Вардарска и Беломорска Македонија, Тракија и Пиротскиот крај), за што бил  потпишан и писмен договор на 22 фебруари 1943 година помеѓу комесарот за еврејски прашања на царборисовска Бугарија Александар Белев и германскиот амбасадор Теодор Данекер, било предвидено да бидат депортирани и Евреите од Беломорска Македонија и Тракија. За таа цел биле подготвени прифатни логори во Драма, Кавала, Сер, Ксанти и Џумурџина, од каде Евреите биле доведени во концентрационен логор во Горја Џумаја, денес Благоевград, Пиринска Македонија, а дел од нив во слицниот логор во Дупница. 

Во логорот во Горна Џумаја биле донесени Евреи од Беломорска Македонија, а во Дупница од Тракија. На 18 и 19 март 1943 година со два железнички транспорти се депортирани 2.617 лица од логорот во Горна Џумаја, преку Софија до пристаништето Лом на Дунав. Вкупно од Лом испратени се 4.219 лица со бродовите “Војвода Мишиќ”,  “Сатурнус”,  “Цар Душан”, и “Караѓорѓе”  во Виена, каде пристигнале на 20 и 21 март 1943, каде ги превземал Гестапо и ги одвел во разни логори на смртта.

Со иселување на Евреите од Сер, драма и Кавала, бугарските окупациони власти спровеле лицитација на нивните имоти при што се собрани 12.493.827 лева.

Од околу 56 илјади Евреи коии живееле во Солун и другите градови во Беломорска Македонија по окупацијата од страна на Германија дури 45.850 ги загубиле животите во нацистичките логори на смртта.

Меѓунаслов: БУГАРСКИОТ СТАВ ПО ЕВРЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ ПОЕКСТРЕМЕН И ОД ГЕРМАНСКИОТ

Владата на царборисовска фашистичка Бугарија во поглед на решавањето на Еврејското прашање и ликвидацијата на Евреите имала одлучен и бескомпропмисен став што бил дури многу поекстремен од ставот на нацистичка Германија. Само за илустрација ке наведеме неколку примери.

На 4 фебруари 1943 година полномшникот на Адолф Ајхман, амбасадорот Адолф Бекерле го известил со телеграма Министерството за надворешни работи на Рајхот за разговорите со претседателот на бугарската влада Богдан Филов, кој го известилк за барањето на Велика Британија, упатено преку амбасадата на Швајцарија во Софија, 5.000 еврејски дечиња од Бугарија да бидат префрлени во Палестина. Филов бил против прифаќање на овој оредлог од страна на Британците, а Бекерле сепак побарам мислењеод своите претпоставени во Берлин. Одговорот од престолнината на Рајхот што пристигнал со телеграма на 10 фебруари 1943 годинабил негативен со оценка дека таквиот потег би можело да биде штетен за германската политика кон Арапите!? Амбасадорот Бекерле на 13 фебруари 1943 година повторно упаљтил телеграма до своето министерство во којашто го пренесол ставот на премиерот Богдан Филов дека иселувањето на 5.000 еврејски деца по барање на велика Британија “Не доаѓа во предвид”, што сосема јасно говори за ставот на фашистичка Бугарија по тоа прашање.

На 3 март 1943 година направен бил обид да се спасат барем 1.000 деца и 100 возрасни – македон ски Евреи, кои преку Турција би заминале во Палестина. И овој обид на меѓународната јавност бил безуспешен поради категоричното одбивање на фашистичката влада на Богдан Филов!

Историски факт, меѓутоа, е дека и самите нацисти, дури и Адолф Ајхман лично, од политички или други причини дозволувале некои Евреи сепак да небидат егзекутирани. За разлика од нив, фашистичка Бугарија до нејзината капитулација на 9 септември 1943, не дозволувала никакви компромиси по еврејското прашање. Дури и барања за дозвола за транзит на помали групи Евреи (кои не биле обележени за следење и депортација) преку нејзината територија, не ги одобрувала.

Претставникот на Ајхман во Романија, Килингер, на 14 март го известил својот претпоставен дека бугарската влада на Богдан Филов не дозволила транзит на 77 еврејски деца на пат кон Истанбул, поради што транспортот бил упатен преку територијата на Македонија и Тракија бидејки јуриздикцијата над железниците заемно и рамноправно ја делеле Германците и Бугарите. На 16 март истата година германскиот амбасадор Адолф Бекерле повторно го известил Министерството за надворешни работи во Берлин дека бугарската влада не дозволила транспорт на втора група 150 еврејски дечиња од Романија, а на 9 април 1943 германскиот амбасадор во Букурешт го известил Адолф Ајхман дека Бугарија не дозолува транзит на група од 74 еврејски деца кон Истанбул. вреди да се спомене и податокот дека Големиот муфтија на Бугарија Ел Хусеин му се обратил на Рибентроп со молба да интервенира кај бугарската влада  поради одбивањето да дозволи транспорт на 4.000 еврејски деца и 500 возрасни преку нејзината територија на пат за Истанбул.

Цврстата политика на бугарската фашистичка влада на Биогдан Филов против спасувањето на одредени групи Евреи и генерално по Еврејското прашање ја потврдува и телеграмата на амбасадорот на Рајхот во Софија Адолф Бекерле до Министерството за надворешни работи во Берлин од 12 јуни 1943 година, во која тој известува дека дека бугарскиот министер за надворешни работи Попов информирал дека неговата влада “повeќе не била заинтересирана за судбината на депортираните Евреи” (се мисли на Евреите од таканаречените новоослободени територии), како и за судбината на Евреите – бугарски државјани кои живеат на територијата на Рајхот или други територии окупирани од Германија и нејзините сојузници.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top