На прво место

КОЈ ПОСАКУВА УКРАИНСКО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНИЈА?

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 13 април минатата 2016 година, гостувајќи во емисијата Топ Тема на ТВ ТЕЛМА, после одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, најави украинско сценарио во Македонија, https://www.youtube.com/watch?v=7ozc8AvRVTU

На прашање на водителот дали одлуката на претседателот постави темели за украинско сценарио, Зоран Заев одговори:

– Па, може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.

На едно вакво крваво сценарио повика и неговиот соработник Зоран Верушевски, осомничен во случајот ПУЧ, во којшто за тешко дело се третираше и Зоран Заев.

– Ќе биде најверојатно граѓанска војна, – рече Зоран Верушевски.

И Али Ахмети во неговото годишно обраќање уште на 25 декември 2014 година спомна дека на Македонија може да и’ се случи украинско сценарио, ако не се деблокира евро-интеграцискиот процес. Ахмети притоа рече дека Украина и не е толку далеку, а тамошните етнички и идеолошки несогласувања тој ги спореди со околностите во Македонија, како што јави телевизијата Алсат-М.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 2 март 2017 година, гостувајќи во емисија на НОВА ТВ, повторно го спомна украинското сценарио:

“Кога јас велев дека Македонија не е далеку од Украина, некои дури и се пошегуваа со тоа, но ова е регион во кој пред 20 години имаше крвави војни… Ние живееме во регион во кој сѐ уште има неисушена крв врз земјата. Живееме во регион којшто се’ уште има исчезнати лица. Живееме во регион во којшто се’ уште се слуша плачот на мајките, и не треба да се потцени ниту една ситуација. Токму ова ме наведе да кажам дека треба да внимаваме сите, и сите внимателно да се замислиме. Украина не е далеку. Република Македонија е на крстопат, каде што многу лесно може да дојде до тензии и јас не сакам ниту една политичка партија да даде придонес за да се запали оваа држава“, – рече Ахмети.

Најверојатно некому одговара украинското сценарио во Македонија, пред се’, на тие кои во очај се далеку од демократијата, кога ја губат довербата… колаборационисти и неоврховсти… Впрочем, најгласни се давеници, да можат цел свет со себе би го повлекле во длабочините, кога ќе го изгубат тлото под нозе, кога им се ближи крајот… Тогаш нема рационалност во однесувањето, секое лудило во нивните очи е нормално.

Македонија и Македонците и покрај се’ и после се’ ќе покажат сила да одолеат на сите предизвици и искушенија.

Во секој случај, Скопје не е Киев, Македонија не е Украина. Во Македонија не изгрева арапската пролет, затоа што ова е света земја на Господ! И затоа, нека силите на Сатаната не го прозиваат Армакедон, македонскиот дух е посилен од сите зла во светот! Во Македонија доброто ќе го победи злото за да го спаси човекот и светот!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top