На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД ЗА ЕДНО ИМЕ И ЕДЕН ЈАЗИК – ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА!

ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЊУ ЏЕРСИ И ЊУЈОРК, САД

МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД ЗА ЕДНО ИМЕ И ЕДЕН ЈАЗИК – ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА!

5 март 2017 година, Њујорк, САД

– Движењето за македонски човекови права од Њу Џерси и Њујорк, заедно со Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј“ од Њу Џерси, Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ од Њу Џерси, Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ од Њујорк и Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ од Пенсилванија, загрижени за политичката криза во Македонија, едногласно утврдија Декларација за унитарна Македонија. Во Декаларцијата се вели:

Во тек на подготовките на оваа Декларација ја добивме најубавата вест од изборите во декември 2016 година до сега: Претседателот на Републиката Ѓорге Иванов не го дал мандатот за состав на Влада на оние што посегнуваат по името и идентитетот, по унитарноста, јазикот, историјата и културата на Македонскиот народ и на Македонија.

Иако бевме загрижени од поинаков исход под притисок на надворешни фактори и домашните колаборационисти и неоврховисти, сепак очекувавме Претседателот на Републиката да постапки како што стори. Најискрено му благодариме на Претседателот Иванов, бидејќи ова е трет пат како ја спасува од крвопролевање Република Македонија. Македонците во Соединетите Американски Држави го ценат за голем човек и вистински државник во заштитата на македонските национални и државни интереси.

На организаторите и учесниците на протестите што се одржуваат низ цела Македонија, им се придружуваме и им даваме безрезервна поддршка во нивните и наши барања за заштита и зацврстување на унитарноста на Македонија. Ги охрабруваме да продолжат со протестите, се’ додека не се создадат услови за формирање на Влада, која со потпишана семакедонска платформа ќе ги штити интересите на Република Македонија, нејзиниот идентитет, историја, јазик и посебно нејзината унитарност како национална држава на Македонскиот народ и националните малцинства кои живеат во неа и ја сакаат за своја татковина.

Апелираме до членовите на македонската опозициска партија и нивните локални управи да побараат неотповиклива оставка на неколкуте лидери кои декларативно и тајно ја прифатија големоалбанската платформа потпишана во друга а подготвена во трета држава. Со нивната постапка тие извршија големо велепредавство на Македонија и граѓаните кои живеат во неа. Минатото покажало дека таквите не останале неказнети на еден или друг начин. Од тие причини не дозволувајте, на своите деца и идните ваши поколенија, да им ја оставите стигмата како предавници на својот Македонски народ и на својата држава Македонија!

СЕПАК, ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ

За зацврстување и зајакнување на темелите на Македонската државност, за поголем углед и почит во светот, како и економски раст и стабилност во државата, од идната Влада бараме да се спроведе следното:

(1) Попис на населението,
(2) Поништување на Охридскиот рамковен договор, доколку се покаже дека нема малцинство со повеќе од 20%, како и поништување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа од 2004 година,
(3) Со закон да се поништи и забрани регистрација на политички партии чии платформи ги рушат државните интереси и уставотворноста,
(4) Бараме законска забрана за учество во Влада на сите амнестирани терористи од 2001 година,
(5) Очекуваме поништување на Пржинскиот договор, подготвен и под притисок наложен од странски фактор, кој повеќепати досега беше прекршен,
(6) Бараме поништување на Специјалното јавно обвинителство, инсталирано од странски фактори со единствена цел рушење на државата и промена на името,
(7) Да се днесе Закон за забрана на надворешни фактори во мешањето на внатрешните работи на државата и забрана на невладините организации спонзорирани од Сорос,
(8) Бараме враќање на првиот Устав на Република Македонија од 1991 година, со којшто би се вратило и 16-зрачното златно жолто сонце на црвена основа како знаме на Република Македонија и донесување на Закон за заштита на македонските малцинства во соседните земји.
(9) Да се покрене иницијатива во Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите за нашето уставно име и бришење на срамното времено обраќање.

Македонија во минатото издржала и поголеми предизвици и искушенија, ќе ги издржи и овие. Веруваме дека овие последни моменти ќе придонесат за зацврстување на македонската национална свест на секој кој ја сака својата земја, народ и нација.

Едно име, еден народ, еден јазик, една држава Македонија!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top