На прво место

Во душите на нашите предци на овој древен народ Македонски тлеела желбата за слобода

branitel2001

branitel2001

Ве известуваме дека Здружението на воени инвалиди од 2001 година-“Бранител-2001“, едногласно на својата одржана седница го поддржуваат одзивот на граѓаните за обединување во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, бидејќи само единстевени можеме да покажеме сила и само така можеме во овие тешки времиња да опстоиме, свои на своето, бидејќи резервна татковина немаме а треба тука за навек да опстоиме каде што ни е и местото.

Во душите на нашите предци на овој древен народ Македонски тлеела желбата за слобода,споменот за загинатите и упокоените во сите војни во Македонија и за Македонија,низ сите агресии и извршени геноциди врз Македонскиот народ се слуша гласот на нашите предци кои го оставиле аманетот до сите нас-“Да ја браниме и чуваме оваа света земја“…

 А ние бранителите од 2001 година го повикуваме нашиот народ со сите народи кои живеат братски со нас низ вековите,  сите заедно да ја направиме повторно Македонија голема по делата и славата на нашиот Филип и неговиот син Александар!!!- како моќна цивилизација каде ќе нема раздор, каде ќе постои мир и љубов затоа што сите сме создадени од еден бог, сите ние сме божји чеда и сите треба да имаме и одговорност кон нашата татковина за нашите семејства за нашите идни генерации…Никој нема право ниедна партија или власт да го укине тоа право оваа слобода е платена со крв и затоа нема одстапка…

Македонија на Македонците!!! и на сите други братски народи кои не почитуваат и не поддржуваат за онаква Македонија која од секогаш била мајка за сите нејзини чеда…

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!!

Потпретседател на здружението на воени инвалиди од 2001 г.

Лазо Наумов

08.март.2017 година-Велес

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top