На прво место

Поддршка на движењето „За заедничка Македонија“

smk

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, упатува јавна поддршка на движењето “За заедничка Македонија“ во одбрана на унитарноста и државноста, а против двојазичноста и федерализацијата, во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК ја отфрла таканаречената “албанска платформа“ како дел од наци-фашистичката креација “Голема Албанија“, бидејќи го суспендира Охридскиот рамковен договор којшто целосно е имплементиран во Уставот и законите, а претставува вовед во федерализација или бинационална држава и територијална дезинтеграција до сепарација!

СМК апелира на итен попис на населението во согласност со биометриската матична евиденција и книгата на државјани. Заради релаксација на етничките тензии, СМК предлага уставна декларација со којашто државата ги гарантира стекнатите права и слободи со уставните амандмани од 2001 година независно од пописните резултати, заради оневозможување на мајоризација на мнозинството врз идентитетските права на етничките малцинства, но етничките малцинства се должни да ги почитуваат законите на мнозинството! СМК предлага службена употреба на јазиците на етничките малцинства само во општините каде што се мнозинство и нивна законска нотификација и уредување на службената употреба на јазиците и писмата на етничките малцинства кои се помалку од 20% во вкупното население со Закон, а не со статутите на општините!

СМК упатува на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја.

СМК очекува процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред Јавното обвинителство.

СМК бара почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација.

СМК ги повикува Македонците во татковината и во целиот свет на мирни протести за унитарна Македонија и за Македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија и во нејзните меѓународни односи!

СМК го почитува правото на мирен протест, но ги отфрла насилството и агресијата за остварување на политички цели, и повикува на неповредивост и неприкосновеност на животите и имотите!

СМК очекува крај на политичката криза и на мирните протести во државата и во светот, со договор за нови парламентарни избори заедно со локалните во најбрз можен рок!

СМК отфрла меѓународна арбитража за решение на политичката криза!

СМК смета дека Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, а врз принципите на еднаква сувереност што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот и реципроцитет во меѓусебните односи. За Македонија нема вечни пријатели, за Македонија нема вечни непријатели, за Македонија има вечни интереси – името на државата, идентитетот на нацијата, богата и безбедна држава Македонија и среќни, богати, горди и достојни Македонци!

Доколку Европската Унија и НАТО прават обиди за дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија, СМК ги повикува Руската Федерација и Кина, како постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија!

СМК бара итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и упатување предлог Резолуција на есенското заседание на Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации, под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои сеуште траат до денес.

СМК прокламира неутрален статус на Македонија, истовремено отфрлајќи го пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и барањето на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина.

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

И покрај се’ и после се’, СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, и Договор за положбата и основните права на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија, на реципроцитетна основа.

СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Косово, и Договор за положбата и основните права на Албанците во Македонија и на Македонците во Косово, на реципроцитетна основа.

Како израз на добра волја за добрососедство, наспроти наци-фашистичката креација и геноцидната проекција “Голема Албанија“, СМК иницира, Советот за безбедност на Обединетите Нации да им препорача на Албанија и на Косово во своите устави да вградат одредба дека Албанија и Косово немаат територијални претензии кон соседните држави, како што тоа го стори Македонија во својот Устав во 1992 година!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top