На прво место

Маршалов план = Меркелов план? Зошто да не???

marshal-merkel

marshal-merkel

Германија и ЕУ во целина последниве години, барем така се чини, конечно сватија дека таму некаде – на југоисточниот дел од единствениот ни наш континент, постои регион што погрдно го нарекуваат Западен Балкан.

Со децении игнориран и занемарен, во овој регион на којшто од време на време ќе му потфрлеја трошки како на некое егзотично суштество – за да не угине, состојбите достигнаа до точка на вриење после која не може да се предвиди кога и каде работите можат да избегаат од контрола. И на сето тоа Германија и ЕУ гледаа некако философски – од дистанца, не водејки сметка ниту пак извлекоа поуки од минатото, дека ПРОБЛЕМИТЕ НА БАЛКАНОТ ИСТИОТ МИГ ПОСТАНУВААТ ПРОБЛЕМИ НА ЕУ!

Но што беше причината за ваквиот однос на Германија и ЕУ? Можеби по инерција од надмената па дури донекаде и расистичка “Геншерова доктрина” дека се што се наоѓа јужно од реките Сава и Дунав е “сива зона”, а остатокот на континентот е цивилизирана и високопросперитетна Европа!?

Германците како да сватија последниве години во каква тешка политичка заблуда се и го промовираа ткн. Берлински процес. Беа одвоени една милијарда евра за развојни проекти во Западниот Балкан. Но, пак се наметнува прашањето за објективните проценки за реалните потреби на овој регион. Имено, за санирање на должничката криза во Грција Германија и ЕУ одвоија 350 (триста и педесет) милијарди Евра, а за дури шест земји што го сочинуваат регионот Западен Балкан, само една милијарда евра!? Се разбира, право е на Германија (ЕУ) со своите пари да располага како што цени дека е најдобро, но сепак неизбежен е впечатокот дека кога е во прашање нашиот регион клучен критериум е гореспоменатата метафора за егзотичните суштества.

Ангела Меркел деновиве не доби подршка од Доналд Трамп за нејзиното настојување за поголем американски ангажман на Балканот. Човекот едноставно не може глава да крене од аферите со прислушкувањата кај него дома, во САД, и пропагандноинформативната војна што му ја провоцира против него белосветскиот берзантски хохштаплер Џорџ Сорос. 

Во вакво комплицирано меѓународно политичко миље, кога станува збор за Западниот Балкан, а во недостаток на посвежи идеи, ке се обидеме да и помогнеме на сојузната канцеларка Меркел со една многу конструктивна и за нејзе корисна идеја токму од југот на Балканот: по урнекот на “Маршаловиот план” за економски опоравок на од војната опустошената Германија по Втората светска војна, лансирање на “Меркелов план” со кој: со формирање на еден посериозен фонд сретства би се финансирале широка лепеза развојни проекти во регионот. И тоа проекти што би биле од развоен бенефит за сите во регионот, а не како на пример: автопатот Ниш – Приштина – Тирана!? Што е смисалата на еден ваков проект? Зошто самите германци ги игнорираат заложбите на најголемиот стратег што воопшто го дала Германија Ото фон Бизмарк, којшто твердеше дека долините Морава-Вардар се најоптимално (сообраќајно) поврзување за целиот регион? Впрочем, дали и со овој проект сегашната влада во Берлин продолжува да ја игнорира и заобиколува Македонија на сметка на отворената и сепоагресивна подршка на сеалбанското поврзување?

Патем, средствата од можниот “Меркелов план” не мора да се неповратни донации, туку кредити со симболични камати. Со еден збор, германците не би требало да се плашат дека парите ке им одат бесповратно.

Зачудува и понатаму игнорантскиот однос на Германија кон Република Македонија! Се поставува прашањето  з о ш т о? Дали моќната Германија се става во улога на зачувувањето на некаквото status quo што нам соседните земји – нејзини поданички, го стекнаа до 1990 година, т.е. до нашето осамостојување како држава (демек се што присвоиле соседите од нас македонците во минатото – култура, историја… да си остане нивно, за да немаме ние денес во слободна Македонија легитимно право на повраток? При тоа се разбира не ни помислувам на територии, за да не ми се препише некаков иредентизам).

Несватливо е, исто така жртвувањето на христијанска Македонија од страна на владата на г-ѓа Меркел за некои големи муслимански концепти. Ангела Меркел е керка на христијански (протестантски) свештеник и природно е да се подразбира дека и од неа самата би требало да зрачи христијанска љубов и разбирање за браќата и сестри христијани во Македонија кои се соочуваат со невидена агресија од исламот, што е најстрашно, агресија подржана од таканаречениот Запад, вклучувајки ја и Германија. Да ја потсетиме почитуваната Канцеларка дека првата христијанка во Европа, според Библијата, е   м а к е д о н к а т а  Лидија!

Проектот “Меркелов план”, доколку наиде на плодно тло во Берлин, може да биде идеално решение за сите нас: за сите шест земји во регионот, за ЕУ (да си ги минимизира главоболките што доаѓаат од Западниот Балкан, но пред се за Македонија, која се чини е последен остаток на листата од “Геншеровата доктрина”.

Да се надеваме дека ова размислување ке дојде на масата на Канцеларката Меркел и дека таа и нејзината влада барем малку ке медитираат на презентираната тема од чија реализација полза би имале сите, а таа (Меркел) ке биде запамтена како синоним за добротвор кон Западниот Балкан, слично на Џорџ Маршал творецот на “Maршаловиот план” кој како Феникс повторно ја препороди до пепел разурнатата од војната Германија. 

Автор: Ѓорѓи Поповски

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top