МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЊУЈОРК, ЊУ ЏЕРСИ И ПЕНСИЛВАНИЈА
СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ВО ЊУ ЏЕРСИ НА 26 МАРТ 22 март 2017 година
Сидер Гроув, Њу Џерси, САД
– Движењето за македонски човекови права од Њујорк и Њу Џерси, организира Семакедонски собир на 26 март 2017 година, недела, со почеток во 12.30 часот, попладне, во дворот на Македонската православна црква “Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси.
Семакедонскиот собир е во заедничка соработка со македонските православни цркви во Њу Џерси, Њујорк и Пенсилванија. Македонците во САД ја отфрлаат големо-албанската платформа чијашто цел е разнебитување на унитарноста на Македонија.
Семакедонскиот собир се очекува да усвои декларација за унитароста и државноста на Македонија, а против двонационална држава и двојазичност на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Движењето за македонски човекови права упатува јавна покана до сите Македонци, за масовно присуство на Семакедонскиот собир.