На прво место

БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА ВО АТИНА!

smk

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

БАРАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЗА БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА ВО АТИНА!

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) барањата на Европската Комисија за формирање на Влада со закани за санкции, ги смета за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија спротивно на меѓународното право за еднаква сувереност што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот и почитување на нивниот територијален интегритет. Македонија не е ниту меѓународен протекторат, ниту територија на Брисел и Стразбур!

СМК од претседателот на Република Македонија бара веднаш и безусловно да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации дека Македонија се заблагодарува на асистенцијата на специјалниот пратеник Метју Нимиц за разговорите за разликата за името со Владата во Атина и нив ги смета за завршени!

Истовремено, имајќи предвид дека секој обид за дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија започнува и завршува со рекомпонирање на власта и редефинирање на државноста заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, СМК бара претседателот на Република Македонија да поднесе предлог Резолуција до есенското заседание на Генералното Собрание, дека Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на Англиски јазик “Republic of Macedonia” со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае.

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Бугарија и Грција, бугарскиот и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичките барања на Грција за промена на името на државата Македонија и на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина.

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК смета дека Македонија треба да гради политики на неутрална држава надвор од воени сојузи и на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, што подазбира, Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси: името на државата, идентитетот на нацијата, богата, силна и безбедна држава, и здрави, богати, среќни и достојни Македонци!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top