На прво место

Велелепен собир на МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

МАКЕДОНИЈА УНИТАРНА, А НЕ БИНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА!

9 април 2017 година, Перт, Западна Австралија

– Македонската народна општинa, Македонската општина на Западна Австралија, Македонскиот културен центар “Илинден”, Црковната управа при Македонската православна црква – Охридска Архиепископија “Свети Никола” во Северен Перт (на улица 69 Ангове), Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Перт Западна Австралија, Ромската заедница од Перт, Македонската општина од Џералтон, Македонската општина од Мaнџимап и 24 часовното Македонско радио “Мак ФМ Радио 103.3 ФМ“ усвоија декларација за унитарна и заедничка Македонија. Во декларацијата се вели:

– Ние, лидерите на македонските организации во Западна Австралија, заедно со нашата заедница, со огромна загриженост ги гледаме обидите од страна на етничките албански политички партии во Република Македонија за воведување на т.н. “албанска платформа” на целата територија на државата, како услов за влез во владина коалиција со СДСМ. Бараме Зоран Заев и СДСМ јавно да се оградат од оваа “платформа.” Оваа платформа не е за одбрана на етничките Албанци во Македонија, туку за поставување на темели за кантонизација на Република Македонија со сеператистичката агенда на туѓи држави чија цел е редефинирање и евентуална поделба на Mакедонската држава. Македонците од Перт и ширум Западна Австралија, строго го осyдуваат евентуалното разгледување или прифаќање на т.н. “албанска платформа” од страна на било која македонска политичка партија, особено да не биде предмет на двете најголеми партии во републиката, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со оглед дека оваа “платформа” беше изготвена во Тирана и очигледно поддржана од страна на ЕУ и пошироко.

Причината за оваа осуда е идејата дека Македонија треба да биде бинационална, федеративна држава во која на албанското етничко малцинство, кое брои околу 15-20% од населението, би било дефинирано како “државотворен народ.” Евентуалното прифаќање на оваа “албанска платформа” ќе резултира со сериозни последици за постоењето на Македонската држава.

Сметаме дека јазикот, културата, правото на вето кои беа дадени на албанското етничко малцинство како резултат на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година е повеќе од задоволително и дека ги надминува стандардите на меѓународните конвенции и договори наменети за заштита на речиси секоја малцинска заедница во државите на Европа. Покрај тоа, етничките Албанци веќе имаат две држави, Албанија и Косово, каде што доминираат.

Обидите на ДУИ и другите политички партии од албанскиот блок во Република Македонија за наметнување на албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на државата, вклучувајќи ги регионите каде што нема етнички Албанци, ќе направи многу малку за да се подобри животниот квалитет и стандард на оние што тврдат дека ги претставуваат. Наметнувањето на албанскиот јазик на целата територија на Македонија ќе ги зголеми етничките тензии во земјата.

Во текот на политичката кампања на ДУИ, ниту еднаш не било промовирано воведувањето на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Сега, после изборите, тоа им стана клучот за коалиција со СДСМ, што е неосновано за добивање на демократски мандат. Прифакањето на т.н. “закон за употреба на албанскиот јазик” за коалиција со СДСМ, каде што законот ќе содржи огромни парични казни за непочитување на истиот, не е ништо повеќе од бесрамна манипулација за власт. Ако се воведе ваков тип на закон во Македонија, тој ќе биде повод за маргинализирање на македонскиот идентитет и култура, не само во Републиката, туку и на целиот Балкан, каде човековите права на македонските малцинства се негирани.

Ги повикуваме двете најголеми македонски политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, жестоко да се спротивстават на обидите за прифаќање на т.н. “албанската платформа” како услов за формирање на влада. Го повикуваме Македонскиот народ и оние македонски граѓани кои припаѓаат на помалите малцински групи, мирно да ги искористат сите правни средства што им’ се на располаѓање да се спречи албанскиот јазик како втор службен јазик.

Македонските организации од Западна Австралија ги предупредуваме политичките партии пред се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доколку дискутираат, договараат или прифаќаат ваков вид на договор, тоа ќе биде оквалификувано од наша страна како предавство! Македонците во Републиката, ширум нашата голема дијаспора, а особено во Перт и Западна Австралија, никогаш нема да им прости на оние кои ќе дозволат суверенитетот и независноста на Република Македонија да се доведе во прашање заради нивни лични, партиски, соседски или меѓународни интереси!

Истовремено, јавно бараме идната влада на Република Македонија итно да ја прекине понижувачката шарада со нашиот јужен сосед за нашето име. Нашето име е Република Македонија и никој нема право да преговара за било каква промена на името на Македонија, ниту сега, ниту во иднина.

Ги повикуваме лидерите на ЕУ, САД и помалите невладини организации, посебно оние што се основани, контролирани и финансирани од страна на Џорџ Сорос, за прекин на дестабилизацијата на Република Македонија како последица на нивната соработка со СДСМ и албанското малцинство. Апелираме истите да прекинат со срамните и претерани барања што не се ниту фер ниту разумни. Исто така, бараме добрите и либералните човекови права понудени и прифатени од страна на албанското етничко население во Република Македонија да се прошират до Македонците во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција, Бугарија и Албанија.

Македонците од Западна Австралија повикуваат:

1. Македонскиот јазик да се учи во македонските населени места во Грција, Бугарија и Албанија.

2. Да се учи Македонскиот јазик во универзитетите во Грција, Бугарија и Албанија.

3. Македонскиот јазик да биде прифатен како службен јазик во областите каде што живеат Македонците во Грција, Бугарија и Албанија.

4. Македонската православна црква да е во можност да отвори свои храмови во соседските држави на Република Македонија.

5. Етничките Македонци во соседните држави да имаат право на свои претставници во парламентите на тие земји.

До ден денес, Албанците во Република Македонија ги уживаат овие човекови права, многу години ЕУ и САД се целосно свесни за тоа. Ова е голема неправда спрема етничките Македонци во Грција, Бугарија и Албанија, каде до денешен ден Македонците страдаат и не ги уживаат ниту основните човекови права.

Лицемерието на етничките Албанци во Репубика Македонија со континуирано барање на повеќе права, поддржани од страна на ЕУ, во време кога Македонците кај нашите соседи немаат никакво право, е вистинска трагедија за внатрешната политика на Македонија како и на нашите соседи и т.н. “европска фамилија.”

Навистина е срамно и трагично што едно малцинство, кое е застапено со помалку од 20% од вкупното население, да му се дозволи да биде во можност да ја дестабилизира Македонија и да го загрозува нашето постоење како слободна Македонска нација, додека македонските политички партии се расправаат и ја туркаат Македонија на колена поради своите себични политички мотивирани цели.

Со оваа декларација бараме:

1. Да се изврши итен попис на населението во Република Македонија под надзор на ОН, да се одреди големината на различните етнички малцинства. Ова ќе им стави крај на лажните тврдења и манипулации што се користат од страна на албанскиот политички блок.

2. Да се формира независна комисија за корупција и да се поништат сите амнестии кои биле дадени на корумпирани политичари и поранешни терористи во текот на изминатите 26 години од независноста на Република Македонија. Само на ваков начин ќе се врати довербата во политичкиот и судскиот систем на Македонија.

За крај, од името на сите македонски организации во Западна Австралија му се заблагодаруваме и ја поддржуваме храброста на Претседателот на Република Македонија господинот Ѓорге Иванов за неговото храбро одбивање на доделување мандат за коалицијата на СДСМ, ДУИ и другите етнички албански партии којашто е зависна на т.н. “албанска платформа” од Тирана. Им ја даваме нашата поддршка на нашите браќа и сестри во Република Македонија и се надеваме дека ќе продолжат со мирните протести преку движењето “За Заедничка Македонија” во знак на поддршка на Претседателот Иванов и за унитарна и слободна Македонија.

Воедно ги повикуваме сите Македонци, без разлика на нивната партиска определба, да застанат на браникот на македонските национални интереси. Исто така, ги повикуваме сите македонски политички партии да ги стават на прво место македонските национални интереси. Да живее Република Македонија! – се вели на крајот од Декларацијата од Перт, Западна Австралија.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top