На прво место

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ДЕБЛОКАДА НА СУБВЕНЦИИТЕ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ДЕБЛОКАДА НА СУБВЕНЦИИТЕ!

25 април 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес денес поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на членот 8 ставовите 1, 2 и 3 зборовите “и изборот на Владата на Република Македонија“ и членот 179 став 1 од Изборниот законик како несогласни со членовите 8 став 1 алинеите 1 и 8, 50, 51, 57, 91 и 93 став 5 од Уставот, со цел деблокада на буџетските исплати како право на граѓаните, земјоделците и даночните обврзници.

Забраните од членот 8-а може да се однесуваат само за времето на изборната кампања, до изборот на пратениците, а не до изборот на новата Влада. Впрочем, буџетот не е право на Владата туку на граѓаните, земјоделците и даночните обврзници.

Со распуштањето на Собранието престанува мандатот на Владата, но таа ја врши должноста до изборот на новата Влада. Уставот не утврдил никакви ограничувања за в.д. Владата во остварувањето на надлежностите од членот 91 од Уставот, а бидејќи Изборниот законик се однесува на ограничувања за време на изборната кампања, барањето е Уставниот суд да го поништи зборовите “и изборот на Владата на Република Македонија во членот 8 ставовите 1, 2 и 3 од Изборниот законик, за да може од изборот на пратениците до изборот на новата Влада, в.д. Владата слободно да располага со Буџетот заради остварување на права на граѓаните, земјоделците и даночните обврзници.

Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, а со цел да не се влијае врз избирачите во изборната кампања и врз резултатите од изборите за претседател на Република Македонија, пратениците во Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, како и за градоначалници и членови на советите, со членот 8-а од Изборниот законик утврдени се ограничувања, односно НЕ МОЖЕ:

– да се располага со буџетски средства на Република Македонија, средства на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал;

– да се започне изградба со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од Буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година;

– да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори;

– да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи;

– да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати.

Собранието на Република Македонија се конституира на 30 декември 2016 година со верификацијата на мандатите на пратениците. На 9 јануари 2017 година Претседателот на Републиката го довери мандатот на кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници во Собранието, Никола Груевски, кој во рок од 20 дена, заклучно со 29 јануари 2017 година не успеа да состави Влада. До денес, претседателот на Република Македонија не доверил мандат на друг кандидат за состав на Влада. За жал, и Собранието се’ уште нема избрано претседател на Собранието и нова Влада, а неизвесно е кога тоа ќе се случи.

Во меѓувреме, граѓаните, земјоделците и даночните обврзници кои се корисници на буџетски средства на Република Македонија, средства на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал, поради неизвесноста од изборот на нова Влада, трпат штети од ограничувањата на надлежностите на Владата во членот 8-а ставовите (1), (2) и (3) од Изборниот законик.

Во членот 93 став (4) од Уставот на Република Македонија сосема јасно е утврдено дека “на Владата и’ престанува мандатот кога Собранието се распушта.“ Во ставот (5) е утврдено дека “Владата на која … мандатот и’ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.“ За Владата која останува на должност до изборот на нова Влада, поради изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и’ престанал поради распуштање на Собранието, не е пропишано никакво ограничување во Уставот на Република Македонија за надлежностите од членот 91 од Уставот на Република Македонија!

За жал, со членот 8-а од Изборниот законик утврдени се ограничувања што не може да се врши, со цел да не се влијае врз избирачите во изборната кампања и врз резултатите од изборите за претседател на Република Македонија, пратениците во Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, како и за градоначалниците и членовите на советите. Изборната кампања престанува со изборот на претседател на Републиката, со изборот на пратениците, како и со изборот на градоначалниците и членовите на советите во единиците на локалната самоуправа.

За изборот на Владата релевантни се изборите за пратеници, а тие завршија на 11 и 25 декември 2016 година.

Знаејќи дека Собранието се’ уште нема избрано претседател на Собранието и нова Влада, на граѓаните, земјоделците и даночните обврзници им се суспендираат права и слободи, поради ограничувањата во Изборниот законик до изборот на нова Влада. На овој начин, Владата којашто ја врши должноста (в.д. Влада) до изборот на нова Влада е ограничена во извршувањето на должностите на Влада утврдени со членот 91 од Уставот на Република Македонија.

Актуелната в.д. Влада која ја врши должноста до изборот на нова Влада, има обврска да ги врши надлежностите од членот 91 од Уставот и тоа членот 8-а ставовите (1), (2) и (3) не смее да и’ го ограничува! Поради штетите кои ги трпат граѓаните, земјоделците и даночните обврзници од ограничувањата до изборот на нова Влада, Светскиот Македонски Конгрес побара Уставниот суд да го поништи членот 8-а ставовите (1), (2) и (3) зборовите “и изборот на Владата на Република Македонија“ од Изборниот законик, а до донесувањето на одлука да изрече времена мерка!

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top