Бугарски аналитичари: Иванов е единствената легитимна институција во земјата
– Според мене е нормално, во крајна ситуација Иванов е единствената легитимна институција во земјата. Вие не можете уште утре да кажете дека го сакате мандатот од претседателот за да управувате со земјата, а потоа да кажувате дека нема да учествувате, тој е нелегитимен, тој е партиски итн. Не може на тој начин да се води политика, а вие да имате желба да ја водите земјата. Логично е после она што се случи во Собранието и фала му на Бога има само повредени, а не убиени, треба да започне вистински дијалог, а не двете партии, двајцата лидери да зборувааѕ помеѓу себе, вели Нешков.
За бугарските аналитичари македонската криза е и регионален проблем.
За состојбата во Македонија бугарските аналитичари но и политичари најмногу ја обвинуваат ЕУ и НАТО кои ја оставија земјата во вакум, без перспектива за интеграција.
Сител