На прво место

САКАЈ ЈА КНИГАТА, НЕГУВАЈ ГО ЈАЗИКОТ

sakaj-ja-knigata-1

САЕМ НА КНИГАТА И ПРОМОЦИИ НА КНИГИ

Гордана Димовска

На 27 мај во просториите на библиотеката Мил Парк, во чест на Свети Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин“ го одржа Саемот на книгата во чиј склоп се промовираа книгите: Круши горници од Нове Младеновски, Патник по ѕвезденото македонско небо од Гордана Димовска, и Виножито во мојата прегратка од Љубица Поповска.

sakaj-ja-knigata-1

На саемот на книгата се изложија и преку двеста наслови на книги чија цел беше да се поттикнуваат луѓето повеќе да се дружат со книгата, да го учат јазикот кој постојано треба да се негува за да постои и го задржи својот статус во редот на светските јазици.

Саемот беше отворен со звуците на Билјана платно белеше и поеми од Рацин кои ги рецитираше поетот Крсте Наумовски Мечкар. Осврт за значењето на мисијата на Свети Кирил и Методиј даде Вангел Патеров а ја прочита и поемата Солунски браќа.

sakaj-ja-knigata-4

Промотор на Круши горници беше Милица Паулус а освртот го прочита Гордана Димовска.Промотор на Патник по ѕвезденото македонско небо беше Јанко Томов, прочитано од Христијана Марковска, а освртот на Гордана Такец за книгата Виножито во мојата прегратка го прочита Мери Бонева. Даниел Димовски на многу убав начин го презентира расказот Две солзи при што ја воодушеви публиката. Во детското катче, најмладите имаа можност да бојат и пишуваат македонски букви. На промоциите присуствуваа голем број личности од Македонската заедница, Конзулот на Р. Македонија Бети Коруновска, општинската советничка Мери Лалиос, Блага Петреска од хуманитарната организација Надеж, претседателот на огранокот на СМК во Мелбурн, Горан Саздан Котев, Митко Николовски од Црковната општина Џилонг, писателот Кочо Крушорати и многу други. Допатуваа и членови на новото литературно друштво Ванчо Николески од Квинбијан при што претседателот Наум Трајчески поклони книги, благодарница и одржа пригоден говор со желба за меѓусебна соработка. Водител на настанот беше Соња Стојановска а за музиката се погрижи Љупчо Јовановски Бубо. Беше голем интересот за книги како од промовираните книги така и од изложените. Навистина настан за паметење, настан кој побудува интерес за книгата и зачувување на македонскиот јазик како и поттик за соработка со други здруженија во Заедницата. Голема благодарност до медиумите кои го промовираа и подржаа настанот: Васе Коцев од SBS радио, Игор Павловски од АМН и Денес, Христијана Марковска, Танас, Су Кристов од радио Plenty Valley, снимателот Целе Петровски.

sakaj-ja-knigata-2

sakaj-ja-knigata-3

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top