На прво место

ОБЈАВЕНА Е ОСУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

tit-livij

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена осумнаесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Осумнаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од античките историчари Тит Ливиј и Зосим.

ТИТ ЛИВИЈ

(I ВЕК ПРЕД ХРИСТА – I ВЕК ПО ХРИСТА)

Римскиот историчар Тит Ливиј (Titus Livius) е еден од ретките антички историчари на кого совре­ме­ната грчка историографија и пропаганда и прогрчки настроените ав­то­ри, се повикуваат за да ја „докажат“ наводната „грчка етничка припадност“ на античките Македонци. Но, фактите зборуваат за нешто сосема поинаку. Да видиме за што станува збор.

Во еден извадок од своето дело „Историја на Рим“ (книга 31, поглавие 29) Тит Ливиј напишал дека Етолците, Акарнијанците и Македонците биле „луѓе со ист јазик“ (на латински: “esuide linguae homines“). Бидејќи Етолците и Акарнијанците биле „Грци“ (наро­ди кои живееле на терито­ријата на денешна Грција), тоа значи дека и Македонците биле „Грци“. Па, да одговориме на овие забелешки.

Тит Ливиј живеел од 59 година пред Христа до 14 година по Христа. Тој (како Римјанин) оваа рече­ница ја на­пи­шал, пишувајќи за преговорите помеѓу бал­канските на­роди со Рим кои се одржувале во вре­мето на римското навлегување на Балканот (II век пред Христа), Ова значи дека тој пишувал за настан што се случил речиси век и по­ло­вина пред неговото раѓање. За ваквото негово тврдење можни се две објаснувања.

Првото објасување го навестува самиот Ливиј, кој  објаснува дека во негово време Македонците во извесен дел биле хеленизирани (што значи дека не биле Хелени, туку само дека дел од нив прифатиле делови од хеленс­ката култура, исто како што и Гр­ците прифаќале сегменти од македонската култура – што е сосема нормално меѓу два соседни народа).

Меѓутоа, и покрај тоа, Ливиј сосема јасно ги изд­во­јува Македонците од Грците. Во истата (31 книга, 44), пишу­вајќи за омразата на Грците Атињани кон Македонците од времето на Филип Петти и за нив­ната желба, со помош на Рим, да се ослободат од Македон­ците, Ливиј пишува:

“Атињаните и нивните сојузници… во секоја при­лика фрлаа клетви врз Филип, врз неговото семејство и врз неговото царство, врз неговите сили на копно и на море, како и врз целата раса и име на Македон­ци­те.” (Подвлекувањето е мое).

Ова сведоштво на Ливиј има далеку поголема тежина од сведоштвото за сличноста на јазикот по­меѓу Маке­донците, Акарнијанците и Етолците, затоа што тој овде посочува на етнички („расни“) разлики помеѓу Македон­ците и Грците, за разлика од јазикот кој може да биде менлива категорија.

Второто објаснување го наведуваме само како хипо­теза за која натаму треба да се истражува со цел истата да се оспори или потврди. Имено, Акарнанија и Етолија граничеле со Епир.

За етничкото потекло на Акарнијанците постојат контроверзни мислења.

Страбо ги сметал за „грчко племе“, меѓутоа  Ес­хин, Теопомп и Павсанија не ги спомнуваат како Хелени во Амфиктионскиот Совет, кој бил заед­ница на тогашните грчки племиња.

Се чини дека најкоректно за етничкото потекло на Акарнијанците пишува Тукидид. Тој  тврди дека Акарнијан­ците (конкретно од градот Аргос) биле мешавина помеѓу Хелени и “барбари” (луѓе кои не зборувале грчки).

Постојат и ставови според кои Акарни­јанците има­­ле тракиско потекло. Така, на пример, за мајката на Темис­токле, авторот Корнелиј Непа, напишал дека би­ла Акарни­јанка, а Плутарх во својата Биографија за Темистокле об­јас­нува дека таа била Тракијка. (G. Sotiroff: “The Language of Constantine the Great“; Ele­men­ta nova pro historia Macedono-Bulgarica; Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986 p. 20).

Доколку се пронајдат и други податоци за срод­носта помеѓу Акарнијанците и Тракијците (какви што бугарскиот историчар Сотиров пишува дека постојат), тогаш еве одго­вор зошто Ливиј тврдел дека Маке­донците и Акарнијан­ците зборувале сличен  јазик –  ниту едните ниту другите не биле Грци.

Ист е случајот и со Етолците. И за нив постојат антички сведоштва според кои и тие биле луѓе кои збору­вале поинаков јазик од Грците за што веќе пишувавме во поглавието за Полибиј.

ЗОСИМ (V И VI ВЕК)

Зосим (Zosimus) бил византиски доцноантички историчар, кој живеел во Константинопол за време на византискиот цар Анастасие (491 –  518). Работел во служба задолжена за императорското злато. Тој е автор на делото „Историја нова“ (“Historia Nova“) составено од шест книги. Интересно е тоа што тој бил паган, иако во тоа време христијанството било во полн замав.

И делото на овој автор ќе го анализираме од аспект на темата што ја обработуваме, а тоа се античките сведоштва за разликите меѓу Македонците и Грците. Во Првата книга од „Историја нова“, опишувајќи го ширењето на Римската империја, Зосим пишува:

„И сè уште желни за  проширување на својата импе­рија, тие го поминале Јонското Море, ја освоиле Грција и ги уништиле Македонците, чиј крал го одвеле во Рим окован во ланци.“(Zosimus, New History, London: Green and Chaplin;1814, Book 1).

Значи, јасно е дека и Зосим одделно ги третирал Македонците од Грците, кои пред да бидат освоени од Римјаните, биле под македонско ропство.

Тој ги спомнува Македонците и на други места во своето дело, при што припадниците на династијата на Селевкидите (кои по смртта на Александар Велики Маке­донски останале да владеат со поголем дел од Азија) сосема јасно ги детерминира како „Македонци“.

Осумнаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=4C1ARCWtUfs&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

tit-livij
Тит Ливиј

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top