На прво место

ОБЈАВЕНА Е ДВАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

sv-avgustin

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена дваесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Дваесеттата епизода е посветена на сведоштвата од Тразимах (5 век пред Христа), Праксагора (4 век) и Свети Августин (4 и 5 век).

Тразимах (Trasymachus) е познат и како Трази­мах од Халкедон, според местото на своето потекло. Се родил отприлика во 459, а починал во 400 година пред Христа. Тој бил познат филозоф и говорник. Од неговите дела сочувани се само фрагменти прене­сени од други автори. Еден од нив бил и Климент од Александрија (Климент Александриски), кој живеел во II и III век. Во своето дело „Строматис“ (6), Климент Александриски наведува извадок од говорот на Тразимах познат под насловот „За Ларис­јаните“. Во овој говор Тразимах, спомнувајќи го македонс­киот крал Архелај (владеел од 413 до 399 пред Христа), запишал:

“Зарем ние како Грци, ќе му бидеме робови на Архелај барбаринот?”

Оваа изјава Тразимах ја дал по засилените тен­денции на Македонија (конкретно на Архелај) за вли­ја­ние врз атинските поседи во времето на Пелопо­неската војна.

Веќе спомнавме дека терминот „барбарин“ во антика­та означувал човек кој не зборува грчки, па отта­­му јасно е дека ниту Тразимах не ги сметал ан­тич­ките Македонци за Грци.

ПРAКСАГОРА ОД АТИНА

За историчарот Прaксагора (Praxagoras) дозна­ваме од делото на Фотиј (види во поглавието за Дексип). Веќе спомнавме дека добар дел од книгите што ги опишува Фотиј денес не се зачувани, па за нив знаеме само преку неговото дело. Исто е и со добар дел од авторите на овие книги. Еден од нив бил и Праксагора од Атина. Тој живеел во IV век и бил автор на три книги од кои ниту една не е зачувана. Една од овие книги била „Историја за Констан­тин Велики“. Фотиј накратко ја раскажува нејзината содржина. Овде меѓу другото, читаме:

„Константин… завладеал со кралството на својот татко и со она од Рим откако претходно го отстранил Максимин. Завладеал и со Грција, Македонија и Мала Азија откако го симнал од престолот Ликиниј“. (Photius, Bibliotheca, 62).  

И овде гледаме дека Македонија и Грција се јасно издвоени како две одделни целини. Во врска со оста­натите дела на Праксагора, Фотиј пишува:

„Според сопствената изјава Праксагора напи­шал… шест книги за Александар, кралот на Маке­донија, кои ги напишал кога имал триесет и една година.“ (Photius: Bibliotheca, 62).  

Значи, еве податок за уште едно античко исто­риско дело посветено на Александар Велики и Маке­донија, кое не е зачувано.

СВЕТИ АВГУСТИН (IV И V ВЕК)

Вистинското име на Свети Августин било Аврелиј Августин (Aurelius Augustinus). Се родил во 354, а починал во 430 година. Тој познат христијански теоретичар. Бил и северноафрикански епископ. Во своите трудови успеал да направи спој помеѓу  дел од античката филозофија (плато­низ­мот) и христи­јанството. Неговот најпознато дело е  „Божјиот Град“ (“De Civitate Dei”). Во Петтата книга од ова дело, тој пишува за „…писмата што Александар Македо­нецот ги напишал на својата мајка…“ Овде тој го спом­нува античко-македонскиот историчар Леон од чие дело се пос­лу­жил со податоци. Во дванае­сетта­та книга (10 поглавие) Свети Августин пишува во врска со вре­менскиот период на постоењето на  човешт­вото, па вели:

„Да го цитирам само она писмо што Александар Велики го напишал на својата мајка Олимпија пренесу­вај­ќи го она што му го раскажал еден египетски свеш­теник, а кое тој го презел од нивната тајна архива, во кое дава податоци за  кралствата што се спомнати и од грчките историчари. Според  ова писмо, кралството на Асирците, било старо 5.000 години, додека според грчката историја само 1.300 години поминале од владеењето на Бел кој и спо­ред грчките и според египетските историчари бил пр­виот крал на Асирија. Потоа за староста на импери­ите на Перси­јанците и на Македонците овој Египјанец спом­­нал над 8.000 години, сметајќи до времето на Алек­сандар со кого тогаш зборувал. Но, според Грците само 485 години им се припишуваат на Македонците сè до смрт­­­та на Александар, а на Персијанците само 233 годи­н­и до­дека биле освоени од него.“ (“De Civ. Dei”, XII, 10).

Како што гледаме во овој пасус свети Августин ги спо­редува записите од старогрчките и староегипетските исто­ричари. Притоа недвосмислено се наметнуваат некои инте­ресни заклучоци.

Како прво, од страна на староегипетскиот свештеник, на Александар Велики Македонски му било соопштено дека во старите египетски записи империите на Персијанците и на Македонците биле над 8.000 години стари, а не како што било запишано од подоцнежните антички историчари (Хе­ро­­дот и други), кои од настанокот на Македонската им­пе­рија, па сѐ до времето на Александар Велики Македонски пресметале само 485 години.

Како второ, свети Августин, повикувајќи се на прене­се­ните пишувања на староегипетските и на старогрч­ките историчари, во горенаведениот пасус, јасно прави разлика меѓу Македонците и Грците во антиката, па затоа овде ги спомнува како одделни народи (заедно со Египјаните, Персијанците и Асирците).

Заради фактот што горенаведениот пасус свети Ав­гус­тин го запишал и врз основа на содржината на исто­рис­ката книга напишана од античко-македонскиот истори­чар Леон од Пела (која била  заснована врз писмото напи­шано од Александар Велики Македонски до својата мајка Олим­пија), сосема е јасно и дека самиот Александар Вели­ки Ма­ке­донски, но и маке­донскиот историчар Леон од Пела, исто така децидно ги сметале Македонците за посе­бен народ во однос на Грците.

Дваесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=g8R3QRf7zrs&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

sv-avgustin
Свети Августин

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top