На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

smk-newyotk

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла обвинувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во вчерашнит разговори со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во Њујорк.

smk-newyotk

СМК потсетува дека не постои македонски иредентизам, туку грчка окупација врз Македонија и грчки геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Македонците во светот отфрлаат сложено име за државата како “Горна Македонија” или “Нова Македонија“. Името на државата за Македонците не претставува само географија, туку и етнологија, јазик, култура, историја, филозофија и идеологија!

Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен догоров со цел промена на името на државата!

СМК потсетува дека името на државата се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија, и за внатрешна и за меѓународна употреба, затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и македонските државјани во апсолутно мнозиство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолителна за сите!

СМК, укажува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужба на Македонија, на 5 декември 2011 година едногласно одлучи дека Грција ја прекршила македонско-грчката Привремена согласност а не Македонија!

Македонците во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во светот бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

Македонците во светот бараат Претседателот на Република Македонија веднаш: (1) Да упати нота до Генералниот Секретар на Обединетите Нации дека за Македонија разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина се завршени, и (2) Да предложи Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!

Најново од: На прво место

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

To top