На прво место

Заткоски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначлник во Кривогаштани сигурно победува

toni-zatkoski

toni-zatkoski

Актуелната опозициона партија на македонската политичка сцена ВМРО ДПМНЕ на чело со нејзиниот лидер Никола Груевски за следните локални избори на 15 октомври оваа година во општина Кривогаштани во битката за градоначалничката фотеља ќе настапи со актуелниот градоначалник Тони Заткоски кој по втор пат ќе ја бара довербата од кривогаштанскиот електорат.

За Заткоски има многу да се пишува и кажува во јавноста што истиот има постигнато во својот 4- годишен градоначалнички мандат.

Локалната самоуправа на Кривогаштани е секогаш со финансиска добивка. Општината Кривогаштани населените места кои гравитираат со општината со Заткоски на чело во вистинска смисла на зборот доживеа инфраструктурна ренесанса.

Се асфалтираа патишта, реконструкција на училишни објекти во Кривогаштани и населените места, започнување со работа на Итната медицинска помош, формирање на ЈКП Пелагонија и други активности кои пред доаѓањето на Заткоски за градоначалник беа мислена именка и истите беа на забот на времето.

Заткоски по вокација е инспектор и самата професија го има направено да биде ревносен и принципиелен во извршувањето на поставените задачи.

Со еден збор кажано реализираните проекти се вистинска слика за некогашниот началник на ДБК а сега актуелен градоначалник на Општика Кривогаштани, Тони Заткоски.

Противник на Заткоски за следните локални избори од редовите на плавите момчиња е Рубин Шефтероски од населеното место Бела Црква.

Лицето Р.Ш. во минатото е казнуван и уценуван, а истиот се декларира како борец “херој“ за човекови права.

Зе 9 години лицето Р.Ш. има купено 4 станови на преубави локации во Прплеп, изградено 2 нови станбени објекти во приватна сопственост во своето родно место Бела Црква. Изградба на модерен откупен пункт со нови вилушкари ваги и 2 камиони. Отворени 2 колонијални продавници и земјоделска аптека.

Ова се само дел од нечесните работи на лицето Р. Ш.

Лицето Р. Ш. ова го има стекнато замислете, со основно образование, додека неговите школски другари и другарки со факултетско образование и сега работат земјоделски култури и во фабрики со странски капитал.

На крајот можсе да заклучиме дека за Градоначалник на општина Кривогаштани ќе бараат глас повеќе инспекторот Тони Заткоски и големиот махинант со македонските финанансиски закони, а тоа е лицето Р.Ш. од Бела Црква.

Дипл. Екк. Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top