На прво место

„ПИТБУЛОT“ ДАНИЕЛ СТЕФАНОВСКИ

daniel1

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

daniel1

– Даниел Стефановски има 22 години, висок е 185 сантиметри, тежок е 81 килограми, тој е Македонец, родителите му се по потекло од Куманово, а роден е во Швајцарија. Денес тој живее и работи во Цирих. Првите чекори во боречките спортови ги прави на своите 13 години.

Својата кариера ја започнува со мај-тај и кик-бокс. Даниел Стефановски е Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година. Даниел Стефановски е швајцарски првак во категоријата до 75 килограми во 2013 година во тајландски бокс и европски првак од 2014 во верзијата ВПКЦ. Во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау. Досега одработил околу 42 борби, 37 победи и 4 порази.

daniel2

Неговите амбиции не застануваат на овие титули. Даниел Стефановски сака да биде најдобар во светот.

– Мојата мисла и понатаму е да продолжам со напорните тренинзи, еден ден да го исполнам сонот за којшто живее секој борец – да станам светски првак и да учествувам во најдобрите организации во светот, – категоричен е Даниел Стефановски.

daniel3

Даниел Стефановски настапува за “Фајтџим“ – клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top