На прво место

13 КОНЦЕРТ “ПЕСНИ И ОРА ОД ЕГЕЈОТ“

СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН

13 КОНЦЕРТ “ПЕСНИ И ОРА ОД ЕГЕЈОТ“

8 октомври 2017 година, Скопје, Македонија

– Вчера во Домот на АРМ се одржа 13 традиционален концерт “Песни и ора од Егејот“ во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

На концертот водител на програмата беше Сашо Голов, песни и ора изведоа членовите на Културно-уметничкото друштво “Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје, со македонски народни песни пред публиката се претставија Ирена Спасовска и Ани Малинкова, а рецитираше Перо Цаца.

Присутните ги поздрави претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов, кој во името на организаторите на Концертот подели признанија и плакети на поединци и организации што го помогнаа одржувањето на Концертот.

Присутните бурно го поздравија присуството на делегација на Македонците од Куфалово и Солун и делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов.

На Концертот присуствуваа и беа поздравени претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, Македонскиот сенатор од Стокхолм, Шведска Наќе Туфекчиев, претседателот на здружението на Македонците “Пелагонија“ од Панчево, Србија Душан Јаневски, претседателот на Здружението “Ѕвезда“ од Велес Бошко Божинов, потпретседателот на Здружението “Свети Герман“ од Скопје Ирена Борисовска и претседателот на Здружението “Сонцето од Кутлеш“ Јован Костадинов.

За жал, годинава за првпат во последните 12 години фолклорна група од Егејскиот дел на Македонија не допатува на Концертот, поради притисок од грчките власти и страв од репресија, по најавите од Владата во Атина и Владата на Заев за забрана и санкции за истакнување на шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, којшто претставува симбол на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

Организаторите се надеваат дека на 14 традиционален концерт “Песни и ора од Егејот“ повторно ќе присуствува фолклорна група од Егејскиот дел на Македонија.

Концертот ги исполни срцата на присутните со прекрасните македонски ора и песни!

Најново од: На прво место

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

To top