На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ БРИСЕЛСКА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ БРИСЕЛСКА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

10 ноември 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) отфрла одржување на нова лидерска средба на парламентарните политички партии по таканаречениот “дијалог Жан Моне“ во Париз со бриселско посредништво, со цел договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата заради евро-атлантските интеграции на Македонија.

СМК ја отфрла мисијата на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, во посета на земјава, кој ја анимира можноста за отпочнување на дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието, под покривителство во Европскиот парламент.

СМК го поздравува секој дијалогот меѓу лидерите на парламентарните политички партии на Македонија за решение по сите отворени прашања во општеството и државата, но за неприфатлива ја смета меѓународната арбитража како супститут на институциите на системот!

СМК сите досегашни меѓународни арбитражи, од Македонско-грчката времена согласност од 1995 година, Охридскиот рамковен договор во 2001 година, до Пржинскиот договор 1 и 2 во 2015 година, ги оценува за штетни бидејќи ги суспендираа уставно-правниот поредок и правата и слободите утврдени во Уставот!

СМК потсетува дека Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и единствено институциите на системот го имаат мандатот од народот да решаваат за неговата судбина и иднина!

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top