На прво место

Република Македонија две години е заштитена од обиди за менување на уставното име

Димитар Апасие

– Во согласност со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, Собранието е должно да ја усогласи законската регулатива со резултатите од задолжителниот референдум.

Односно според членот 30, став 2: „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, односно законот по кој се одлучувало на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“.

Со оглед на фактот дека референдумот на 30 септември беше консултативен, а според ДИК, не е донесена ниту одлука на него, бидејќи не е исполнет еден од двата кумулативни услови за да биде донесена одлука (неисполнетиот цензус), останува во сила одлуката од референдумот во 1991 година.

Во правото функционира принципот: закон се менува само со нов закон, а одлуката од референдум се менува со донесена одлука на референдум.

Покрај тоа, во Законот за референдум е пропишано дека две години по одржувањето референдум, не може да се постави истото референдумско прашање.

Во практика тоа значи, дека по ваквиот исход на референдумот Република Македонија две години е заштитена од обиди за менување на уставното име.

Во наредните две години не може да се постави референдумско прашање за спогодбата од Мала Преспа, односно ниту народот (гласачите) во тој период не можат да го менуваат името на државата, а уште помалку, евентуално, новиот парламентарен состав (ако Владата се одлучи за избори), не смее да расправа за ова прашање – објаснува професорот Димитар Апасиев.

Најново од: На прво место

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на Берлинскиот конгрес, со кои Македонија повторно останала под османлиска власт. Во […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

To top