На прво место

Македонци, дали сте достојни на задачата да ја одбраните и зачувате слободата?

Македонија, глобалниот раздор во Домот на Демократијата и борбата за слобода

  • Борбата не е готова, таа ќе трае уште долго. Ќе мора да продолжиме сите законски и легални средства што ни се на располагање за да ја продолжиме борбата за македонското име, идентите, јазик, Устав, историја, наследство и култура да останат негибнати.
  • Случајно совпаѓање – додека ја пишувам колумната, во Британија се одржуваше Народниот марш за глас, на кој, погодувате, се бара да се организира нов референдум за Брегзит. На елитите не им се допадна резултатот од првиот референдум, па затоа ќе бараат „селаните“ да гласаат одново и одново, додека не гласаат како што треба. Таква ви е западната „демократија“.
  • Народот го кажа своето на референдумот на 30 септември и јасно се определи против промена на името. Владта на Македонија, помогната и водена од западните елити и глобалисти (повеќе за нив подолу) ја игнорира волјата на народот и употреби, како што рече комесарот на ЕУ Јоханес Хан, „балкански пристап“ за да изнуди гласање во Собранието. Овој пристап вклучуваше уцени, закани, мито, притисоци… Таква ви е западната „демократија“.
  • Овие настани, и многу слични на Западот денес, ни покажуваат зошто луѓето, особено младите, се откажуваат од „демократијата“. Тие ги гледаат елитите како им зборуваат за тоа што е демократијата, а потоа гледаат како истите елити се однесуваат на авторитарен начин, го газат секое несогласување и се обидуваат да ги уништат оние што размислуваат поинаку од нив. Сакате да знаете зошто угледот на демократијата тоне се пониско низ светот? Само погледнете го Западот.
  • Во овој дебакл особено беше нарушен угледот на САД. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли толку лошо ја застапува Америка и најдоброто што Америка го претставува, што, всушност, е промотор на најлошото. Се работи за суетен, арогантен и злобен човек, човек со многу лош карактер. Тој не го претставува америакнскиот народ, а, што е необично, не го претставува ниту американскиот претседател Доналд Трамп, кој верува во важноста на националните држави и кој верува дека на нациите треба да им се дозволи да ја бранат својата слобода и суверенитет.
  • Домот на Демократијата на Западот денес е во криза. Имаме две фракции во Домот: една е групата која се залага демократски империјализам и за се пожесток авторитаризам, и неа ја претставуваат елитите во политиката, државните бирократски служби (неизбраните и пред никого неодговорни бирократи како тие во Стејт Департментот и во ЕУ), потоа аналитичките центри, медиумите и факултетите. Тие веруваат дека смеат да ја користат демократијата за да наметнуваат мека форма на тоталитаризам и да го замолкнат секој вид на несогласување, при што ги менуваат правилата додека играта трае. Тие зборуваат убаво, но на крајот прават се што ќе посакаат и што им е потребно за да завладеат со светот. Тие што им се спротиставуваат ќе бидат казнети.
  • Другата група, во отсуство на поприкладен израз, можеме да ги наречеме демократски националисти кои веруваат во националните држави, во суверенитетот и слободата, но за нив слободата доаѓа со обврски и бара доблест и верба, нешто што демократските империјалисти не го прифаќаат. Оваа група ја видовме во акција при Брегзит, тие се луѓето кои го избраа Доналд Трамп за претседател, ги гледаме и во Унгарија, Полска, Италија, Чешка и донекаде во Словачка. Тие се бојкотирачите од Македонија. Оваа група верува дека светот најдобро функционира кога е составен од независни и суверени национални држави кои се натпреваруваат едни со други. Ова е борбата која ќе се води низ нашата планета во следните 50-ина години.
  • Забавно беше да се гледаат пораките на честитки на Твитер кои ги упатија демократските империјалисти и авторитарци: можам да ги замислам така седнати во круг, си ги дујат егата еден на друг и се натпреваруваат кој погласно ќе изрази лажна пофалба на договорот, пофалби за „демократските процеси во Македонија“ кои не се ниту демократски ниту се собраниски процес; туку беше одвај прикриен хаос во брутален обид да се дојде до гласови. Повторно, дали е воопшто чудо што младите се повеќе се откажуваат од демократијата?
  • Европската партија на Зелените упати твит на честитки во кој се вели дека „Македонија скоро три децении беше во ќорсокак со нејзинтие европски политики. Сега се враќа надежта“. Тешко е се разбере каде гледаат „надеж“ кога 1,2 милиони луѓе не сакаат да се смени името. Јоханес Хан рече дека тоа било „голем ден за демократијта во Скопје“, и повторно намерно одби да го напише зборот „Македонија“. Како можете да зборувате за „демократија“ а да одбивате да ги наречете луѓето со нивното име? Кредибилитетот на Хан е на нула.
  • Конечно, мораме да се потсетиме дека слободата мора да се негува и да се пренесе од една генерација на друга. Во „За Македонцките Работи“, Крсте Мисирков напиша дека „полната политичка слобода не чини за ништо ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг перд својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд“. Во 1960 година, идниот американски претседател Роналд Реган рече дека „слободата никогаш не е повеќе од една генерација оддалечена од опасноста да изумре. Ние не им ја пренесуваме слободата на нашите деца преку крвта. За неа мора да се бориме, да ја браниме, и да ја предаваме на идните генерации кои потоа мора да го сторат истото“. Пораките на овие двајца државници водат кон тоа дека слободата е кревка и дека мораме постојано да работиме, да ја зачуваме и да им ја пренесеме на нашите деца и на се уште неродентие генерации. Прашањето пред оваа генерација Македонци е дали сте достојни на задачата да ја одбраните и зачувате слободата?

За мене, вие секогаш ќе бидете Македонија.

пишува: Џејсон Мико

https://www.svest.mk/makedonija-globalniot-razdor-vo-domot-na-demokratijata-i-borbata-za-sloboda/

Најново од: На прво место

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

To top