На прво место

Ако Македонија е Се што имаме тогаш ајде заеднички да седнеме на иста маса

Иван Соколов

Ако Македонија е Се што имаме тогаш ајде заеднички да седнеме на иста маса, заднкчки да тргнеме против злото Заев и СДС.

Ако Македонија е наша заедничка татковина, ако е Македонија се што имаме, тогаш и грижата и борбата за неа, треба да биде наша заедничка.

Кога веке сме кај заедничката борба за Македонија,во моментов наше заедничко е само злоупотребата на таа борба.

Заев тврди дека сето тоа што го прави, нее предавство, туку борба за подобар живот во Македонија.

Мицковски и ВМРО ДПМНЕ со сите сили(со тие што и колку што ги има)се спротивставува на предавството што Заев и СДС и го прават на Македонија.

Народот македонски негодува но ведне глава. Само мал дел излегува за да јавно го покаже своето негодување. Некои пак македонци со вештите ФБ прсти, негодуваат не заради тоа што Заев и го приредува на Македонија, туку против тоа што Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, не успеваат да го спфечат тоа предавство.

Тие ФБ борци освен ширењето магла забуна и раздор со ништо друго не учествуваат во таа борба. Борбата е заедничка ДА но и одговорноста и студот по улиците и горивото во возилата и солзавецот и палката и судските пресуди се трба да е Заедничко.

МУДРУВАЊАТА и лукавите изјави на нашие ФБ револуционери од Дијаспората, свесно или не, сакајки или не, вршат сериозна услуга на антимакедонската политика на Заев.

Знам можеби отварам тема со која ке бидам парчосан од некои од нив кои ке се пронајдат во текстот на овој статус. Да ризикувам да бидам парчосан но нема да ја премолчам оваа неправда.

Ако Македонија е Се што имаме тогаш ајде заеднички да седнеме на иста маса, заднкчки да тргнеме против злото Заев и СДС, заеднички да изградиме нова власт која ке ја поведе Македонија напред за Македонија со која сите ке се гордееме.

Напиша: Иван Соколов на својот Фејсбук профил

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top