На прво место

Дали Зоран Заев e навистина комплетен шарлатан или Зоран Заев само глуми политичко шарлатанство

Арсим Зеколи

МАКЕДОНИЈА ИМА САМО ЕДНА ДИЛЕМА!

На крај на оваа бурна година, Македонија се соочува само со една дилема:

Дали Зоран Заев e навистина комплетен шарлатан или дали Зоран Заев само глуми политичко шарлатанство?

Низ таа дилема ќе си разјасниме во себе за причините поради кои во рок од една недела, Зоран Заев успеа да се скара со три земји членки на НАТО (поради тоа што не сакале да го сработат она што тој како Премиер не смеел или не сакал да го направи и го уапси Груевски) за потоа да добие жестоки клоци од двете други соседни земји членки на НАТО со кои има своерачно напишано и потпишано Договори.

Сума сумарум, помирителот прозападњачки од Муртино успеа да за недела дена се скара со комплетното јужно-крило на НАТО (да, вклучете ја тука и Турција), и тоа без никаква помош од страна. Па дури и без ниедна “aло мајсторе, кочи” од неговите прозападњаци во Бихаќка и Илинденска – со посебен акцент врз Пендаровски, Рамадани, Ружин и останатите нато-чирлидери кои останаа замолкнати пред авантурите на нивниот им вожд. За на крај, оваа епизода на минхаузенство на Заев биде заокружена со евидентниот факт дека имиџот на Заев како лидер со лежерен однос кон вистината не е веќе само домашен феномен. Како што Црногорскиот лидер ни даде шанса да разбереме дека тој имиџ на Заев “истинољубецот со опаш” е веќе раширен и надвор од Македонија.

Ако и успееме да го разбереме поривот на Заев за да не скара со сите земји членки на НАТО во регионот, останува втората непознаница за правецот во кој се има упатено сладколикиот палавко од Муртино.Кој, од ништо, никој и ничиму изазван најде за сходно да на самиот крај на сообраниската дебата за Договорот, непосредно пред посетата на Ципрас на Москва, најавата на Москва за дебата во ООН и средбата на НАТО во Брисел излезе со изјава дека македонскиот јазик ќе биде изучуван во Грција. Останува на секој од нас да по свое убедување процени дали Заев навистина не знаел каков ќе биде ефектот на неговата изјава во Грција или пак сосема добро знаел и каков ќе биде ефектот на изјавата и кому му е толку потребна за да има аргументирана причина и кауза за иницирање на дискусија во рамките на ООН. Како и да е, редоследот е тој и не може да биде изменет – изјавата на Заев претходеше на реакцијата на Ципрас за ООН, посетата на Москва, реакциите на Захариева и Каракачанов. Можеби се е случајност. А можеби е затоа што за Премиер го имаме Зоран Заев.

Кој ќе ја знае? Кој, навистина, ќе ја знае? Има ли кој?

Во овој даден момент, би рекол дека има некој кој знае нешто повеќе од нас.

Зборот ми е за Министерот за Надворешни Работи во Сенка Влатко Ѓорчев кој саглам клизи по Вашингтонски конгресни ходници небаре да се родил во кабинетот на Линдон Џонсон. Го гледам на средби со јуниор Конгресмени, но и со сениори како Линдзи. Но не го гледам во Стејт Департмент. За разика од нашите владини МНР и дипломати кои ги нема ни во Конгрес, ни во Стејт ни во Бела Куќа.

Затоа, да си го кажеме очигледното – во овој час интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, додека пак се рушат од страна на Заев, Димитров и Иванов кои не сакаат да испратат амбасадор во највлијателната земја во светот. Уште една случајност? Нека биде така, под услов да однапред си разбере дека по заслуга на Заев, Димитров и Иванов следниот амбасадор на Македонија во Вашингтон ќе биде некој партијски месенџер а не дипломатски претставник на земјата. И доколку Заев, Димитров и Иванов до католичкиот Божиќ не испратат и достават до Вашингтон p r o n t o креденциали за новиот Амбасадор на Македонија, тие ќе бидат виновни за настаните кои ќе се одвиваат од следната пролет. И тоа не е случајност, туку смислена и координирана игранка на Заев, Димитров и Иванов за која едниствениот кој не сноси вина е Христијан Мицковски.

Кој, патем, полека и сигурно делува во правец на пополнување на една празнина на политичката сцена со што ја потикнува и омразата и гневот и стравот на естаблишментот. Пред да кажам која е празнината, да укажам на еден друг аспект на делувањето на Мицковски.

Во овој чај, Мицковски е ликот кој го руши Груевизмот. Додека пак Заев и Шеќеринска го надградуваат Груевизмот превземајќи ги неговите духовни клонови и соработници како и методите на делување. Со тој потег, ВМРО како и ДУИ широкоградо го толерираат и поттикнуваат процесот на интерно чистење преку префрлање на сопствениот отпад во скутот на Бихаќка.

Во случајот на ДУИ тоа се одвиваше низ истовар на исламистите од Чаир, Гостивар и Куманово во прегратката на Зооран Заев во кој исламистите препознаа ново тело за презимување.

Во случајот на ВМРО, тоа се одвива преку големата селидба на ВМРО-Краљевачко-Ваљевска во седиштето на СДСМ каде се широкоградо пречекани од Зоран Ражњатовиќ па до поглавиците на тнр. реканска македонштина како идеолози на југословенскиот македонизам според формулата: македонец си ако мразиш албанци, презираш бугари и си покорен пред супериоризмот на Владичин Хан. Во таа поделба на улогите лежи и мотивот на омразата кон Мицковски која ексалира со поголем и позабрзан интензитет од оној кон Груевски. Апропо, сте чуле некогаш да СДСМ вистински го мрази Мијалков?

На крај, за празнината исполнувана од Мицковски која ги вади од кожа и Бихачка и Илиндеска.

Станува збор за празнина наследена со (физичкото) отсаство на Бранко Црвенковски и (духовниот) вакум во персонифицирање на новиот модел на фило-Македонство. Како дух на љубов кон сопствениот род, неоптоварен и неинфициран од омразата кон останатите. Тоа е моментот поради кој Мицковски е така срдечно, емоционално и рационално омразен од тнр. рекански Македонци како заоставштина на идеолошкото, загар-џандар утилитарно македонство од време на Краљ Петар.

Растеретен од ВМРО-ваљевска и неоптеретен од потребата да биде допадлив кон реканското македонство, Мицковски се заканува да се истргне од прегратките на манипулацијата на естаблишментот. И ја потврди де факто и де јуре и без задршка про-западната ориентација на пост-УДБА ВМРО-ДПМНЕ, растеретена од Груевизмот, Мијалковизмот. Но побитно од тоа, Мицковски има можност да ја реставрира смислата на бивање македонец како етнофилија, а не како кариера, монетаристика или пиштолизација кон останатите.

Имам причини да верувам дека Мицковски е на добар пат да ја рестварира споната на македонство и западна ориентација, онака како што беше замислено пред стотина години, и обесмислено низ лепливите прсти на Љубчо. Никола и останатите ју-вмровци.

Исто како што имам причини да верувам дека на пола метар пред успехот, Мицковски ќе се определи за Али Ахмети и самиот си ја сруши сопствената пирадмида на добри намери. А со неа и секоја можност за нормализација на земјата.

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top