Коментари

ПРЕДАВНИКОТ ШТО ГЛУМИ ДЕКА Е ПРИНЦ

tren

Martin Trenevski

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ПРЕДАВНИКОТ ШТО ГЛУМИ ДЕКА Е ПРИНЦ

Еве, и тоа го доживеавме: после илјада година од владеењето на македонската династија на нашиот славен цар Самоил, кој го освои речиси целиот Балкан, се чини дека Македонија повторно се здоби со племство, “плава крв” што би рекле. Во годината што измина добивме витез од редот на Св. Ѓорѓи што по правило во вистински околности би имал титула: “Сер” /Sir/, a следствено неговата сопруга би носела титула : “Лејди” /Lady/.

Можеби погодувате: станува збор за лицето ЗЗ (црпнатиот од Муртино), кого странска сила го устоличи на позицијата премиер, а кого непостоечки “принц на Монтенегро и Македонија” го прогласи со сите ритуали и со допир со меч на рамената, за  витез од редот на Св. Ѓорѓи

Но кое е тоа лице што глуми и се занесува во улогата на принц? Ќе ви олесниме да одгатнете! Само погледајте ги двете подолу приложени фотографии и ќе ви биде јасно за што станува збор. Секако погодувате, па тоа е наводно непартискиот (како што сега се прикажува), некогаш јасно провмроовски определен, но сега со сигурност слуга на туѓи интереси Никола Димитров (НД).

Кога станува збор за ЗЗ, да речеме дека циркусот во којшто самиот учествуваше со неговото прогласување за витез можеби го стори од немарност, неинформираност, преголеми амбиции, или нешто друго, но кај несудениот ни принц НД работава е посложена.

Зошто НД принц? Па на прв поглед сосема е очигледно дека тој многу често ги имитира манирите на еден вистински, автентичен принц – Принцот од Велс, престолонаследникот Чарлс од Обединетото Кралство, кој речиси редовно, кога излегува од автомобил или кога е соочен со неизвесност и во ситуација кога не е сигурен како да постапи, ја корегира краватата што беспрекорно му е наместена (нешто што нагласено го имитира и НД) и ги допира металните копчиња на неговите ракави.

Ваквите манири на автентичниот принц ги копира и ги практикува и нашиот НД којшто во својот занес /не исклучувам дека се замислува (глуми)/ дека и самиот е ппринц!? Но разликата меѓу нив е огромна, речиси неспоредлива! Принцот Чарлс најлојално и посветено ги застапува и одлучно ги брани интересире на неговата земја,  Обединетото кралство – Велика Британија, а овој – нашиов бескрупулозно работи на нејзиното разнебитување и уништување!!!

Но, можеби НД не мечтае да биде само принц, туку и нешто повеке? На пример, претседател на држава??? Сега, кога се интензивира кампањата за лансирање на кандидати да претстојните претседателски избори името на Никола Димитров се поинтензивно со врти во соросоидните медиуми како најсериозен кандидат за таа важна функција. Клонираниот Стево Пендаровски и Шекеринска очигледно се само епизоди фигури на политичката сцена на ненародната коалиција на власт наметната со еден телефонски повик од оној мрачен тип Џес Бејли, кој конечно замина /да се надеваме за секогаш/ од Македонија.

За жал на структурите што играат на картата НД да биде кандидат за претседател на  Република Македонија, многуте афери дирекно поврзани со името на НД сериозно го руинираа неговиот вештачки создаден имиџ, па најверојатно токму заради тоа и го нема во јавноста речиси две недели!? А за какво имиџ станува збор? За оној предавничкиот што го создаде пред се како потписник на актот за капитулација на Мекедонија во село Нивице, во грчкиот дел на Преспа (Да постетиме дека неговиот роден татко Димитар Димитров му му посака “авансно”  на потписникот на тој акт “да му се исуши раката”)! Да потсетиме и дека само еден ден пред да го потпише актот за капитулација, НД се рашетуваше со неговиот шеф ЗЗ низ Струмица за да го надминат отпорот што НД сепак го имаше кон прашањето за /не/прифаќање на ставот “ерга омнес” /име за секвупна употреба/, на што инсистираа грците/. Што се случи тој ден во Струмица и како се прекрши НД за да го прифати тој ноторен ерга омнес? Со кеш (многу кеш), или со некој друг стимуланс што преку лицето ЗЗ му го понуди меѓународната…? Тоа најверојатно ке го дознаеме во времњата што доаѓаат.

Но, дека во сета оваа заврзлама со промена на името на нашата земја повеке од сигурно е дека во игра имало и кеш, и тоа многу кеш. На тоа упатува, меѓу останатото, и следното сознание: Непосредно по потпишувањето на актот за капитулација во с. Нивице, еден македонски портал објави, но по кратко време веднаш ја симнаа информацијата превземена од еден словенечки дневник, со наслов:”Владите на Македонија и Грција ги продадоа своите народи за пари”. Во написот се тврдеше дека, наводно, ЕУ ке ја награди македонската влада со 30 (триесет) милиони евра (не беше прецизно наведено дали некому лично ке му бидат дадени тие средства (што е многу веројатно),  а на Грција ке и бидат доделени една милијарда евра со симболични камати за санирање на нејзините пензиски фондови. Како што веке напишав погоре, таа информација многу итно исчезна од порталот.

Дека лицето НД е болно амбициозна персона која не бира средства за да ги оствари своите амбиции и соништа, доволен е и фактот што веднаш по дипломирањето на Правниот факултет во Скопје има изјавено: “За 18 години јас ке бидам претседател на Македонија”!? Ваква изјава може само да предизвика голема недоумица во стилот: “Дали е се во ред со овој човек за така надмено и арогантно да се гледа во неговото изопачено огледало како најубав на светот???”. НД не криеше амбиции и планови во стилот: Кога Никола Груевски ке наполни 40 години (според Уставот неопходни за кандидатура за претседател на државата) тој (НД) да ја превземе ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин евентуален лидер да јуриша на функацијата премиер на Република Македонија!? (Велат: на глупоста и амбициите им нема граници).

Но бидејки плановите и амбициите му се изјаловија, НД се определи да биде наводен непартиски министер за надворешни работи, надевајки се дека надворешниот фактор кому, според извештаите на ВИКИЛИС верно му слугувал, сега да го пласира или да го ланнсира – да го наметне и по можност да го устоличи како кандидат за оваа висока функција. За возврат НД треба да одработи за надворешните спонзори со потпишување на платформата на ЦИА, што некои ја наречуваат погрешно Тиранска платформа, со воведување на двојазичност во Македонија, промена на Уставот на земјата и се друго што има зацртана длабоката држава за разнебитување на Македонија.

Нарцисоидниот НД можеше барем малку да се потруди да ги среди состојбите во македонската дипломатија, но очигледно тоа не му е приоритет.

Сега, кога и официјално е најавена посетата на Папата Франсис на Македонија на 7ми мај годинава, замислите: Македонија  н е м а  свој амбасадор во Ватикан кој ке работи на деталите и програмата за посетата; во пријателска Австрија, која не чува од напливот бегалци на нашата јужна граница, не само што нема, амбасадор, туку нема ни вршител на должност, туку улогата на прв човек во амбасадата на РМ во Виена ја изиграва висок дипломат од МНР…. Да редиме понатаму? Не, мислам доволно е!

Предавството на НД нема да биде заборавено, ниту простено ни од оваа, но и од генерациите што доаѓаат! Ние современиците ке си останеме со прстот во уста, понижени и омаловажени со самоуништувачки комплекс на врат, а грците, како и во многу прилики до сега,Н Е М А  да го испочитуваат договореното и од Никола Димитров своерачно потпишано капитуланско и квислиншко предавство од Нивице.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top