На прво место

Со Гордана Сиљановска Давкова ќе дојде нова горда и достоинствена Македонија

Ќе го победиме заевизмот и заедно со Гордана Сиљановска Давкова ќе дојде нова горда и достоинствена Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Делчево.

Мицкоски пред присутните посочи дека после поминати илјадници километри низ државата секаде граѓаните ја споделуваат маката, и дека нема ништо од големите ветувања и очекувања кои овие измамници од врхушката на СДСМ ги ветуваа , затоа сите се одлучни дека мора да се случат промени, мора да се каже не на заканите, и уцените и да си ја ослободиме Македонија.

Изборот е јасен, ја имаме онаа скапа транзициона хотел коалиција, ги видовме застанаа позади Стево Пендаровски сите оние ликови од транзицијата кои што донесоа само лоши работи меѓу нашите сограѓани. Кои во периодот на транзицијата тие кумуваа на многу човечки судбини. Од друга страна го имаме борецот кој што е заштитник на правото и правдината, жената која што никогаш не прави компромис со законите и Уставот туку секогаш бескомпромисно ги применува. И затоа изборот е јасен, тоа е професорката Гордана Сиљановска Давкова, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека си имаме работа со измамник кој пред малиот собир за поддршка на Стево Пендаровски лажеше дека го зајакнал идентитетот, а сите се сеќаваме дека пред околу десетина дена се срамеше да ја построи македонската гарда и воениот оркестар да ја интонира македонската химна, се срамеше од „Денес над Македонија се раѓа“ и од тоа дека „Македонците се борат за своите правдини“.

Истиот овој политички измамник, кој што ветуваше живот, а донесе пекол се срамеше да каже на кој јазик зборуваат жителите на северна Грција, а е различен од македонскиот. Се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои зборуваа македонски јазик, кои што пеат македонски песни и играат македонски ора. Тој човек ниту смее ниту има право ниту има чест и достоинство да зборува за идентитет, затоа ни е потребна победа на 21-ви април толку голема што со овие политички измамници засекогаш ќе расчистиме, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека нив ги интересираат само пусти пари, додека ВМРО-ДПМНЕ последната мисла со која легнува и првата со која станува е Македонија и македонскиот народ, и во тоа се различни, затоа што тие се срамат од сопствената земја, историја,традиција и тоа како сидро не им дава да одат напред, додека ВМРО-ДПМНЕ се гордее со сопствената традиција, историја и тоа е нашето едро во кое дува ветер и ни дава гордо и достоинствено и со крената глава да одиме напред.

Во Европа не се оди по принципот на Мирчо свињарникот „евро за Вицето и евро за црквата“, такви во Европа не сакаат, во Европа не се оди по принципот „живи луѓе ќе јадеме“, во Европа не се оди со измислени обвиненија и диктирани судски пресуди, во Европа не се оди со закани и уцени. Во Европа се оди со честити луѓе подготвени за структурни реформи, а тие единствената реформа која ја направија е најболната а тоа е тргуваа со најмилото а тоа е нашиот со векови создаван идентитет, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека во Македонија нема ништо од ветувањата и големите очекувања и дека граѓаните секаде се среќаваат со неправди откако СДСМ е на власт, неправди кај младите на кои им ветуваа работа, реновирани студентски, младинска гаранција, а денеска ако не сте роднина на Мира Дизел, тешко дека ќе најдете работа, неправда е и тоа што ставаа чевли пред влада како симбол за иселувањето а денеска според непотврден податок само за една година над 100.000 наши сограѓани ја напуштиле државата и не се вратиле.

Неправда е кога ќе ветувате дека ќе имаат загарантиран откуп, поголеми субвенции, помош, а денеска кога сте власт оние во Ресен ги сечат дрвата, затоа што еден килограм јаболка е еден денар, Тука во Пијанец и Малешевијата сливите се истураа немаше кој да ги откупи, во Кочани оризот е во амбарите и нема кој да го откупи, исто со праските во Росоман и раноградинарските производи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека филозофијата на заевизмот „кажувам, заборавам, негирам“ мора да се победи и токму затоа побара масовна поддршка на 21-ви април и 5-ти мај за професорката Гордана Сиљановска Давкова, за се отвори вратата за предвремени парламентарни избори и да дојде нова Македонија, а не ваква како сега понижена и омаловажена и конечно да изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

To top