На прво место

Заев не мораше да биде присутен на инаугурацијата-Пендаровски е негова сенка, без интегритет

Заев не мораше да биде присутен на инаугурацијата затоа што Пендаровски е негова сенка, без интегритет

Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот.

Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста.

Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски.

Без разлика дали Пендаровски заслужил да стане претседател или не, давањето предност на возењето мотор е крајно непочитување и на државата и на институциите од страна на Заев.

Зоран Заев избра уште еден слеп послушник и со изборен инжинеринг и контингенти договорени гласови го инсталираше на позицијата Претседател на Македонија.

Впрочем Пендаровски е човек кој се фали дека е 102,5% ист со Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски нема кажано збор осуда на криминалот, корупцијата и непотизмот на власта. Истиот тој Пендаровски молчеше и не ги осуди амнестиите на криминалот на неговиот ментор Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски збор не кажа за отсуството на реформи во државата, поради кои најверојатно Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Тој како и досега, така и од сега ќе молчи и ќе прави се она кое што Заев ќе му го диктира.

Пендаровски ќе биде претседател на државата, но за жал нема да биде претседател на граѓаните, бидејќи се срамеше од македонската химна, се срамеше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Грција, се срамеше од сопствениот народ кој го нарекуваше стока, сурати, роботи, а единствено на кое се гордееше беше поддршката на Зоран Заев и лидерите од владеачкото мнозинство. Тоа само говори дека како почна, така и ќе тера, ќе биде претседател на власта, но не и нанародот.

Како поддржувач и одобрувач на криминалот на Заев, едно е сигурно, Стево Пендаровски ќе биде сидрото на власта кое ќе не држи далеку од европските вредности европската перспектива на македонските граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top